en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Македонија со одлучна победа врз Белорусија на European Nations Cup

  • 24 мај 2020
Македонија со одлучна победа врз Белорусија на European Nations Cup

Заклучно со денес, завши последниот дел од групната фаза од CSGO European Nations Cup на Европската Еспорт Федерација, а Македонија успеа да издејствува тотална победа врз белорускиот тим.

Се играа два меча на Dust и Inferno каде на првата мапа имавме тесна победа со 16-13 пропратена со одличен камбек, додека нашите дечки на Inferno играа со поголема леснотија и постигаа резултат од 16-7. Како MVP за мечот го издвојуваме 2high кој што во еден момент успеа да ја добие рундата сам против четири противници на Dust во делот на short A.

Македонија се наоѓа на врвот на група А каде што се Унгарија и Белорусија, а досега имаме имаме одиграно нерешено со Унгарија (1-1) и победа вез Белорусија (2-0).

Наредна фаза е плејоф фазата каде што ќе играме четвртина финале со второ пласираниот од групата Д односно на 31.05 (наредна недела) со почеток од 18 часот, а стримот ќе можете да го проследите на Twitch каналот на МЕСФ, twitch.tv/mesfcsgo.

Им посакуваме многу среќа на нашите дечки и нека не радуваат вака во уште многу прилики! GGWP!

Print
Categories: MeSF News
Tags:
Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top