Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
Корејците ни ја одбележаа 2017, целиме за Таипеи 2018. Еве како ни мина гејмерската година
Saso
/ Categories: MeSF News

Корејците ни ја одбележаа 2017, целиме за Таипеи 2018. Еве како ни мина гејмерската година

Измина речиси уште една гејминг година која повеќе или помалце сите од нас ќе се сложат беше доста содржајна и има за што да ни позавидат. Од хардверски, па се до софтверски новини во нашиот свет, старата 2017 има со што да се пофали, а воедно и да најави што би не чекало во новата 2018 година. Почнуваме со сублиматот што ни ја одбележа старата (тековна) година.

First and foremost, како што би кажале на запад, не смееме а да не го почнеме текстот со нашиот најголем потфат што го сторивме оваа година и кој траеше со месеци, сепак разбирливо бидејќи е од токму таков калибар. Станува збор за нашиот квалификациски натпревар кој беше изведен во две етапи односно онлајн и лан фаза. Целта на овие квалификации, покрај тоа што беа оддржани за тоа да видиме како котираме самите ние како држава, беше со цел да ја избереме овогодишната репрезентација на Светското Првенство кое се оддржа доцна годинава во Кореа, Бусан. Игрите кои беа ставени на мени за мегданосување беа League of Legends и CS:GO. Во првиот дел, македонските гејмери имаа шанса да си ги одмерат силите во онлајн фазата каде сите пријавени тимови играа меѓусебно на неколку наврати во период од шест недели. Годинава имавме и тим за LoL кој броеше само девојчиња. Од сите пријавени екипи, само најдобрите се пласираа во лан фазата која имаше поинаков карактер и тек. Оваа фаза се одигра во Скопје и во Охрид каде, можеби за мене, се одиграа најнеизвесните натпревари овозможувајќи да избереме соодветна компетиција против светот. На површина испливаа Evolution Online за LoL односно Entity за CS:GO. Интересно е да се спомне дека Македонците од година в година постигнуваат реални, видливи резултати и подобрувања во овој наш мал дигитален свет. Доказ за тоа се и извојуваните победи над Малезија и Грузија во LoL и тврдиот отпор кој им го пруживме на Кина каде што добивме доста почит од поширокото комјунити покрај тоа што за малку не го добивме тој меч. За жал за Филипинците ќе треба да вежбаме уште за да ги победиме, но и без тоа, само со тренинг се постигнуваат резултати. Тука не застануваме, сите кои се заинтересирани можат уште од сега да се спремаат за наредната година бидејќи и тогаш ќе ни треба репрезентација која ќе има што да каже и покаже на Summoner’s Rift и на мапите на CS:GO. Се разбира целиот овој процес беше проследен со стрим (пренос) кое што само по себе е прво нешто од овој вид во Македонија, но сеуште има простор за подобрување. Секогаш има простор за подобрување.

Што се однесува за гејминг каузата, која ние како Федерација се обидуваме да ја рашириме, можеме гордо да се пофалиме со не така скромен број на текстови за кои најзаслужни се фановите, и само фановите, бидејќи ни давате причина и елан за секој нареден текст кој планираме да го објавиме со кој би разгласиле некој збор повеќе. Низ текот на годината опфативме многу теми, но сепак останаа и доста за обработка што на некој начин не радува бидејќи на тој начин ние самите учиме некои работи, а со тоа и вие. Не мора да ве потсетуваме дека можете и самите вие да предложите теми кои ние би сакале дополнително да ги разработиме и актуелизираме низ коментари и дебати ширум Фејсбук и интернетот воопшто.

За во иднина имаме некои изненадувања подготвени за вас и кога велам изненадувања мислам на оние големите кои ќе ни помогнат да постигнеме уште поголем врв од оној на 2017 година. Почнувајќи од организирање на наптревари (за кои патем доколку се соберете доволно ќе може да се организира се и сешто, без дескриминација на наслови и) каде, се разбира, ќе има интересни награди од познатите брендови како и секаков вид на помош со што би ве спречиле да фидате по разните игри на интернетот. Покуси нема да останеме и со наградните игри односно гивавеите кои ќе зачестат во иднина, но нема да бидат толку лесни за освојување (сепак треба да има предизвик, не?).

Тимот на MeСФ ви посакува ви ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници и ви посакува да имате висок KDA, што помалку graveyard time, помалку афк играчи од ваша страна и се разбира нема да е комплетна честитката ако не ви посакаме да имате мал лаг (а со тоа и помалце причини зошто паднала кулата, а ги немате ганкнато до 10 минута во ботлејн со хералд и драгон земени). Уживјате со вашите блиски и GLHF. Team MeSF

Print
155

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top