en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Кои ќе се најголемите еспортови за 2020

  • 5 февруари 2020
Кои ќе се најголемите еспортови за 2020

Преглед на најдобрите еспорт игри и што точно ги прави најуспешни. Компетативниот гејминг е популарен избор за релаксација минативе декади, но парите и индустријата што орбитира околу еспортот е релативно нова и во развој. Еспорт не значи некои другари да играат Mario Kart во соба; еспортот е мулти-милијардерска индустрија што нуди број на наслови во секој жанр, од шутери до симулации и се помеѓу. Без некој посебен редослед, ви ги претставуваме најдобрите еспорт игри за 2020 година базирано на неколку фактори, вклучувајќи гледаност, настани и севкупен успех.

Counter Strike: Global Offensive

Поминати се осум години од нејзиното лансирање и таа сеуште го оддржува своето место меѓу најдобрите еспорт игри во светот, сеуште има чести апдејти, исплатлив пазар на скинови за оружја и ножеви и број на настани секоја година. Паралелно со тековните лиги како Blast Premier и ESL Pro League, во 2020 година ќе има доста top-tier натпревари како IEM Katowice 2020, DreamHack Anaheim и двата ESL One настани што ќе се оддржат во Рио де Жанеиро и Келн.

Што се однесува до гледаност, најголемиот турнир за CSGO во 2019 година беше IEM Katowice Major што примами 1.2 милиони гледачи и имаше награден фонд од 1 милиони американски долари. Тоа е еден милион повеќе во вкупниот награден фонд што брои 91 милион американски долари собрани од 2013 година.

League of Legends

Mожеби најпознатот еспорт во светот, League of Legends (LoL) е една од двете Massive Online Battle Arenas (MOBA) кои ја доминираат еспорт индустријата. Поминаа речиси 11 години од кога оваа игра се лансираше, а вкупниот награден фонд од тогаш изнесува 73.5 милиони американски долари доделен на преку 2400 настани. Јужна Кореа е повеќе од најпопуларен и најуспешен пазар за LoL со осум од десетте најсупешни игрчи доаѓаат од таму. Всушност, само еден од 25. најдобри, Luka "PerkZ" Perkovic, доаѓа од држава што не е Ј. Кореа или Кина, покажувајќи  ја популарноста и доминацијата на овие две азиски земји во LoL.

Кога станува збор за активни играчи, во репорт од минатата година се вели дека оваа игра има осум милиони играчи активни секој ден, a тоа е помалку од Fortnite (што е достапна на секоја можна платформа) и ја прави најпопуларна игра за PC во моментов.

Fortnite

Некои ќе речат дека Fortnite не е вистински еспорт поради тенденцијата на Epic да направат промени во играта пред почеток на големи настани, а со тоа да отежнат оддржување на здрава компетативна средина, но најверојатно тоа не е доволно за овој наслов да има вкупен награден фонд од 80 милинои американски долари за само две години. Оваа игра го освои светот во еден здив со нејзиното лансирање во септември, 2017 година, а додека медиумската „прашина“ спадна, еспорт сцената е повеќе од жива.

Мината година се случи најголемиот Fortnite есрпот настан воопшто; Fortnite World Cup во Њујорк. Нема ништо потврдено за 2020 година, но сите очекуваат Epic Games да го зголеми влогот за следниот World Cup. Благодарејќи на сумата што Epic ја даде во 2019 година, Fortnite брзо ги надмина повеќето други еспорт наслови и дојде до третото место, надмината само од CSGO и Dota2.

Колку луѓе играат Fortnite е прашање што често се поставува, а од март 2019 (речиси една година), Fortnite има 250 милиони регистрирани играчи. Ако прашате било кој случаен минувач најверојатно слушнал за Fortnite па дури и да не знае точно што е тоа, објаснува колку брзо оваа игра порасна.

Dota2

Dota2 е единстваниот директен конкурент на League of Legends, а ни доаѓа од Valve, истото студио кое стои зад CSGO. Додека LoL е доста популарна во азискиот регион, топ 25. најдобри играчи се расеани низ 16 нации, вклучувајќи ги САД, Кина, Франција и Романија.

Кога станува збор за награден фонд, Dota2 е најуспешна благодарејќи на методот на кој се полни овој фонд. The International е името на годишниот настан за оваа игра, а во периодот кога тој не се оддржува фановите можат да купат Compendium што може да содржи содржина од новите модови, козметики и останати работи. Една четвртина или 25% од собраните пари на овој начин се двојат за наградниот фонд што направи The International 2019 да има 34,3 милиони американски долари во награди, додавајќи ги на цкупните 200+ милиони американски долари доделени низ годините.

Покрај тоа што има најголем награден фонд, таа не е ни малку блиску до LoL во поглед на играчи. Просечниот број на играчи за последните неколку месеци е 400.000 според SteamCharts, што е околку 5% од тоа што LoL има. 

Call of Duty

Една од ретките еспортови што се играат на конзола, компетативната Call of Duty сцена е единствена во тоа што го менува насловот секоја година. Благодарејќи на годишниот распоред на лансирање на Call of Duty, играчите можат да ги научат сите маани и предности на новите игри секој октомври. Моментално актуелна е Call of Duty: Modern Warfare и исто како што Activision прави со Overwatch последните неколку години, CoD лигата станува систем базиран на франшиза. 

Што се однесува до бројот на играчи на CoD, бидејќи е играна на повеќе платформи, а Аctivision не објавува официјални бројки тешко е да се знае за точно. До сега знаеме дека има награден фонд поголем од 1 милијарда доделен низ годините и е една од најпопуларните франшизи во светот.

Overwatch

Overwatch 2 можеби е на повидок во 2020 година, но првата игра сеуште успева како еспорт и тоа веќе неколку години по ред. Overwatch лигата има 20 тима кои се натпреваруваат во текот на 26 недели за нивниот дел од 5 милиони американски долари, а сега сме во третата сезона што значи дека работите течат доста добро. Многу одамна се минати деновите кога Shangai Dragons изгубија 42 меча по ред бидејќи секој тим е повеќе од способен да победи секој меч.

Кога станува збор за Overwatch еспорт, Ј. Кореа и САД се доминантните земји со 24 од најдобрите 25 играчи. Речиси 22 милиони до сега се доделени како награда, а додека сезонските плејофи се кулминација на најдобрите тимови, Overwatc World Cup е можеби највозбудливиот настан за гледање како фан бидејќи можете да навивате за вашата држава.

Print
Categories: MeSF News
Tags:
Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top