Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
Интернационалната Федерација на Покер наградена со статус GAISF Опсервер
Saso
/ Categories: MeSF News

Интернационалната Федерација на Покер наградена со статус GAISF Опсервер

Интернационалната Федерација на Покер е почестена и горда што го додели статусот на Опсервер на Глобалната Асоцијација на Федерации на Интернационални Спортови или GAISF и ќе биде примена во Олимпиското семејство.​

IFMP формално го смени своето име од Интернационална Федерација на Покер за да се јасно оддели како владеечко тело на покерот како спорт. Оваа одлука за да се прифати IFMP е признавање за Меч Покерот како спорт и дел GAISF комјунитито и од Интернационалната Федерација запазувајќи ги критериумите кои се важни за WADA (Светската Анти-допинг Агенција). 

Патрик Нели, Претседател на Интернациналната Федерација на Покер, која моментално брои преку 60 федерации изјави:

Би сакале да се заблагодариме на претседателот на GAISF Патрик Бауман, и на членовите на комисијата на GAISF водени од Антонио Еспинос заедно со потпретседателот Д-р. Рафаел Чиули и Стефан Фокс чија визија овозможи сево ова да стане реалност.

Препознавањето од Интернационалното спортско семејство преку доделувањето на статусот GAISAF Опсервер e пресвртница за нашиот спорт. Ова го легитимизира Меч Покерот секаде каде што делува Националниот Олимписки комитет и овозможува нови интернационални федерации, лиги и натпревари да се појавуваат насекаде. Ова е почеток на нешто големо и навистина интересно.

Можеме да чекориме напред со сигурност градејќи го јадрото на нашите играчи и запознавајќи ги луѓето со возбудата од натпреварувањето, социјалните и едукациските придобивки како и со обичната забава од спортот, вели тој.

Меч Покерот беше осмислен и развиен од IFMP како тимски спорт каде што елементот на шанса од влечење на картите е целосно отстранет. Нема коцкање во Меч Покерот и овој спорт е дозволен за сите возрасти и полови ширум планетата.

Меч Покерот го шири својот глобален маркет бидејќи ги сруши бариерите со негативна перцепција и забранувачката легислатива овозможувајќи овој спорт да се игра насекаде.

Print
46

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top