Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
Започнато пријавувањето за Лига1 на МЕСФ за оваа година
Saso
/ Categories: MeSF News

Започнато пријавувањето за Лига1 на МЕСФ за оваа година

Почитувани гејмери и гејмерки, МЕСФ со огромна чест и задоволство Ве известува дека пријавувањето за третата Македонска еСпорт лига започна. Лигата ќе има две дисциплини односно наслови за кои ќе можете да се пријавувате и тоа: Counter Strike: Global Offensive и Dota2.

Во согласност со законската регулатива во Македонија, МЕСФ се состои од пет клуба. Клубовите кои ја чинат МЕСФ се: Level Esport, Blade, Competative, Crisis и Entity. Овие клубови кои се официјални и заведени како такви ќе се дел од лигата. Сите оние кои имаат формирано тим, без разлика за која игра да станува збор ќе можат да се пријават како дел од тие клубови и како такви да земат учество. Дозволено е да се пријават до три тима кои нема да се дел од федерацијата односно се wild cards.

Двата клуба кои ќе се рангираат бодовно последни по завршувањето на лигата, ќе влезат во Лига2 на МЕСФ наредната година, додека останатите ќе останат во Лига1.

Лигата од вака осум клуба ќе има 14 кола кои ќе се играат во период од шест недели, почнувајќи на петти мај. Пријавувањето за лигата ќе трае до први мај.

За гледачите обезбедени се награди односно вредносни ваучери за платформата на Steam кои ќе се делат на официјалниот стрим и тоа ќе се доделува по еден ваучер за секои 100 активни гледачи.

Наградниот фонд за оваа година изнесува 1000е кој ќе се распредели 500-200-100 евра согласно освоените места и резултатите на тимовите од самата лига.

Сите оние кои сакаат да се пријават треба да ги пополант следниве апликации:

Dota2
https://goo.gl/forms/4SPn5J5E1wzwiOTL2

CS:GO
https://goo.gl/forms/dKa4BHptTwnDD0ga2

Ви посакуваме многу успех и среќа!

Print
257

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top