Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
ЕСпортот на прагот пред Олимписките врати
Saso
/ Categories: MeSF News

ЕСпортот на прагот пред Олимписките врати

Некои сметаат дека Олимпијадата треба да го задржи вниманието на традиционалните спортови, но на втор поглед, низ историјата се покажало дека ИОК (Интернационалниот Олимписки Комитет) доделувал медали за планирања на градови, цртање, поезија и што уште не. Олимписките Игри имаат долга и чудна историја, особено кога нивните стандарди не се фиксни.

Како да почнеме да ги споредуваме разните моментални Олимписки дисциплини кога имаме атлетика или пак стрелаштво и коњечки спортови во иста година? Што се бара од еден спорт, не се бара од друг, па затоа нема ни некоја објективна мерка. Без разлика, некои посочуваат на студии кои тврдат дека еСпортските атлети се атлети во традиционална смисла без никаква или занемарлива разлика.

Еспортот може да се смета за „реален спорт“ по дефиниција на ист начин како шахот или покерот. Има многу паралели меѓу традиционалните атлетски спортови и еСпортот. Како и да е, виртуелната средина, или недостатокот на физичка активност се најчеста пречка за тоа да го дефинираме еСпортот како „реален спорт“.

По емитувањето на еСпортски настани на ESPN минатата година, како минува времето има се поголеми шанси еСпортот да стане дел од олимпијското семејство. Има пет категории и 35 критериуми кои се користат за оценување на новите спортови кои се стремат да бидат додадени на Олимпијадата:

  • Олимписки предлог

  • Која вредност може да ја овозможи на Олимпиското Движење

  • Институционални работи (правила)

  • Колку е популарен спортот

  • Бизнис моделот кој го има
     

Извршниот одбор на ИОК го одобри ова во јуни, 2015 година. Ниту една од 35. критериуми кои се потребни за да се квалификува нешто како Олимписки спорт се поврзани со физичка активност.

Неодамна се објави и официјалното комунике од олимпискиот Самит на ИОК. На Самитот се дискутираше за забрзаниот развиток на еСпортот како и моменталната вмешаност на разни заинтересирани страни поврзани со Олимпијското Движење. На Самитот се заклучи дека:

  • еСпортот покажува силен раст, особено кај младата демографија ширум повеќе држави и може да се обезбеди платформа за ангажирање во склоп на Олимпиското Движење.

  • Натпреварувачкиот еСпорт може да се смета за спортска активност и играчите кои се дел од него се подготвуваат и тренираат со интензитет кој може да се спореди со оној на атлетите во традиционалните спортови.

  • За да биде признаено од ИОК како спорт, содржината на еСпортот не смее да ги повредува Олимпијските вредности.

  • Понатамошно барање за признавање од страна на ИОК мора да биде постоењето на организациона гаранција која е согласна со правилата и регулациите на Олимпијското Движење (анти-допинг, обложување, манипулација, итн.).

Самитот ги задолжи ИОК и GAISF за дијалог со гејминг индустријата и играчите за понатамошно да ја истражат оваа област и да дадат одговор за истото на заинтересираните страни на Олимпиското Движење во предвидена временска рамка.

IeSF или Интернационалната еСпорт Федерација, каде што членува и Македонската еСпорт Федерација (МеСФ), исто така има поднесено барање до ИОК за да ја рагледа можноста еСпортот да биде дел од Олимпијадата со што ќе се крене свеста кај останатата популација за овој мега популарен феномен. Тие побараа меѓудругото да бидат дел од разни панел дискусии за кои ќе се зборува за врската меѓу традиционалните спортови и еСпортот.

Во продолжение ви доставуваме линк од официјалното комунике на Олимпискиот Самит, каде што за прв пат сериозно е третирана темата на еСпортот.

https://www.olympic.org/news/communique-of-the-olympic-summit

 

 

Print
358

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
«ноември 2017»
понвтрсрдчетпетсабнед
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930123
45678910
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top