Македонска е-Спорт Федерација
en-USmk-MK
Language
Десетте најдобри играчи на еСпортот
Saso
/ Categories: MeSF News

Десетте најдобри играчи на еСпортот

Уште од кога гејмерите можат да одат на мегдан едни со други на игри како Spacewar од 1962 и Pong од 1972 година, гејмингот е бојно поле на бескрајно натпреварување. Натпреварите почнаа да привлекуваат внимание, но и пари, во САД за време на осумдесетите години на минатиот век. Ширум планетата, електронските натпреварувања растеа во обем и импресивност во деведесетите за да конечно експлодираат во новиот милениум.

Милиони играчи се ложеа и сеуште се ложат на најкомпетативните игри од сите како Quake, Street Fighter, Starcraft, Counter-Strike, League of Legends, World of Warcraft и други, каде натпреварувањето е организирано, популарно, полно со потреба од добра вештина, па затоа и го заслужува името „еСпорт“.

Кога би направиле мала рекапитулација, сумирана од минатите текстови, би дошле до заклучок дека „еСпортот“ е глобална индустрија потпомогната од спонзори, тимови, лиги, фанови, и се разбира, од професионалци кои се натпреваруваат на највискоите нивоа каде заработуваат за живот од освоените награди и договори за соработка.

Кои се најважните играчи за историјата на еСпортот и како би ги препознале, прашувате?

Покрај тоа што својот отисок го направиле на разни игри, за време на различни ери на еСпортот, овие 10 играчи поседуваат комбинација на вештина, публицитет и влијание низ историјата на еСпортот што ги прави најдобрите на сите времиња. Тие го вовеле својот тим, своите игри и сиот еСпорт во нова територија.

Проследете ја нашата топ 10 листа и откријте кој е „The King of the Hill“ според МЕСФ во светот:

10. Moon

Jang Jae-Ho (Мооn) е најдобриот Warcraft 3 играч на сите времиња. Додека Grubby победувше на настани низ целиот свет, Moon победуваше на шампионати во Јужна Кореја, Меката на еСпортот. Од самиот почеток на компетативната сцена на Warcraft 3, Moon постојано ја победуваше најдобрата конкуренција насекаде. Никој друг не можеше да го победи. Тој стана глобална икона во сиот тој процес. Во игра која им дава на играчите контрола вез четири можни раси, Moon познат како петтата раса.

Некои фанови Grubby и Sky можно е суште го оспоруваат Moon како највешт играч на сите времиња, но тој повеќе од сигурно е дека е најважниот Warcraft играч. Неговиот врв на успехот припаѓа во книгите на историјата поради рекорднот договор кој што го доби во 2009 година. Тој беше најдобриот играч речиси седум години и беше награден со договор од 500.000 долари од корејскиот тим WeMade FOX. Оваа плата беше одраз на неговиот глобален успех и статус, но најмногу за неговата огромна популарност во Азија.

Highlights:
Moon vs. Grubby, MBCGame WarCraft 3 World War 2007

9. Jaedong

Lee „Jaedong“ Jae Dong е најверојатно најдобриот Зерг играч кој воопшто ја играл играта Starcraft: Brood War. Некои ќе оспоруваат дека Ma „sAviOr“ Jae-Yoon беше најважниот Зерг играч благодарејќи на неговата креативност и снаодливост, но дури и тогаш, тешко би било да се носи одлука за тоа кој е најиграч во оваа игра без да се земе во предвид Jaedong.

Помеѓу 2007 и 2011 година Jaedong освои две MBCGame Starleagues, три OnGameNet Starleagues и три World Cyber Games титули. Само овие победи го направија еден од најсилните играчи кои воопшто ја допреле играта.

Сумирано, Jaedong успеа да биде дел во девет одделни StarLeague финалиња. На овие финалиња, тој изгуби против два противника вкупно и тоа: во 2008 година на Arena MSL, изгуби од Теран играчот Park „ForGG“ Ji Soo. Другите четири финалиња кои ги изгуби беа против неговиот најголем ривал, еден од најдобрите Starcraft играч на сите времиња, Lee „Flash“ Young Ho.

Земено ретроспективно, ривалството меѓу Jaedong и Flash е едно од најпрославуваните ривалства на целиот еСпорт. Двајцата постојано имаа шанса да се надмудруваат, а нивниот перформанс е тестамент сам по себе, без разлика дали станува збор за финалиња на StarLeagues, World Cyber Games или ProLeague (јужнокорејска тимска лига), за тоа колку тие се професионалци и колку очајно ја сакаат најпрестижната титула на еСпортот во историјата.

8. Dendi

Danil „Dendi“ Ishutin е одомаќинето име во еспортот, особено во Dota2. Заедно со Na`Vi, кој е дел од неговиот тим повеќе од шест години, Dendi ги постави стандардите за тоа како треба да игра еден мидлејнер. Надигрувајќи се себе си со плејмејкерите како Puck и Pudge, Dendi беше еден од неколкуте Dota2 играчи од раните денови кои можеше без проблеми да победува на мечеви континуриано, заслужувајќи си ја безусловната љубов од коментаторите, фановите, па дури и од останатите играчи.

Цели седум години, украинската Dota2 супер ѕвезда беше мета на разговор ширум комјунитито на играта, благодарејќи најмногу на неверојатниот успех на Na`Vi што го постигна помеѓу 2011 и 2013 година. За само овие две години, Na`Vi победи на The International 2011, 13 LAN настани и се пласираше меѓу топ три играчи на The International во 2012 и 2013 година.

Овие се резултати кои мнгоу малце играчи во еСпортот низ историјата можат да ги постигнат. Ако не ни верувате, еве видео коа ќе демонстрира неговите гејмерски вештини:

 

7. Fatal1ty

Jonathan Wendel (Fatal1ty) е најважниот играч кој САД некогаш го создале. На сметка на парични награди, тој е наголемиот индивидуален заработувач во историјата на еСпортот. Првиот вистински славен гејмер, во екот на неговата слава во раните 2000. години, останува недопрен од било кој Американец до ден денес.

Натпреварувачката кариера на Wendel почна во 1999 година со победа на Quake 3 натпревар каде тој осввои 500 долари. Неколкуте следни месеци му донеоа 4000 долари од победи во Далас, а потоа 15000 долари од победи во Шведска, каде 18. победи по ред го направија најдобро познатиот Quake гејмер на сите времиња.

Wendel се појави на New York Times, Forbes, 60 Minutes, Time и најважното, MTV’s True Life series, кое следеше по неговото прво место на Unreal Tournament 2003 на Winter CPL 2002 како дел од едночасовна епизода за гејмери.

Highligts:
Fatal1ty vs makaveli, CPL 2000 Finals, Quake 3 Arena
Fatal1ty vs Vo0, CPL 2005 Finals, Painkiller
Fatal1ty vs PC Gamer staff, 2007

6. f0rest

Counter-Strike e иконска игра во историјата на еСпортот. Таа беше најважната игра на западот цела декада почнувајќи од 1999 година и произведе голем број на легенди. Имиња како Heaton, SpawN, elemNt и ksharp кои се само врвот на сантата мраз од листата на многуте таленти кои помогнаа да се смени јавната перцепција на про гејмингот во Америка, Европа и пошироко

Patrik Lindberg (f0rest) ни доаѓа од Шведска, една од најуспешните гејминг нации на сите времиња. Неговото најголемо достигнување е неговата изведба во 2009 година за тимот Fnatic, каде што неговата перфектна игра направи неговиот тим да стане најпрофитен во историјата на Counter-Strike во време каде многу луѓе сметаа дека играта е на смртна посетела. Одреден период, Lindberg можеби беше најславната фигура на еСпортот надвор од Азија.

Од почнувањето на неговото High-level play во 205 година, f0rest секогаш беше рангиран меѓу најплашените и најпочитуваните играчи во неговата игра. Со преку 50 златни медали на негово име, никој не ни трепна со око кога негов поранешен соиграч, Patrik „cArn“ Sättermon, го нарече f0rest најдобар играч на Counter-Strike. Ако погледнете било кое истражување за оваа игра, ќе видите дека играчите и фановите се едноумни на оваа тема.

Како Grubby, f0rest има големо резиме. Не само што тој е најдобриот Counter-Strike играч на сите времиња, неговиот перформанс на Counter-Strike: Global Offensive, следбеничката на обичната Counter-Strike, е огромен фактор за абсурдниот winning streak од 87-0 на победи на мапи на LAN. Најголемиот ланец на победи во историјата на еСпортот.

Highlights:
fnatic.f0rest vs SK, IEM III Global Challenge Montreal Grand Final 2008, Counter-Strike 1.6
2009 f0rest highlight filmCounter-Strike 1.6
f0rest's 65-18 run vs fnatic, Copenhagen Games 2013, Counter-Strike: Global Offensive

5. Diago

Tomo Ohira стана првиот крал на Street Fighter со доминирање на играта за време на раѓањето на еСпортот во Калифорнија, но најголемото неодговорено прашање за кариерата на Tomo е дали Тomo може да го победи Diago?

Јапонецот Diago Umehara беше еден од првите глобални ѕвезди на еСпортот. Неговата посета на САД во 1998 година за да го победи Alex Valle во Street Figter Alpha 3 го означи почетокот на интернационалното ривалство што ќе ја дефинира најзначајната гејмерска франшиза во светот.

Познат како The Beast, аркадната опсесија на Umehara почна во 1991 година и продолжи низ неговите тинејџерски години додека тој нижеше победи. Diago стана национален шампион на Јапонија во Street Fighter во 1997 година.

Во оваа точка, јапонската и американската аркадна гејминг сцена ретко се мешаа. Големите интернационални натпревари сеуште не беа силно воспоставени и кометицијата меѓу овие два континенти била екстремно ограничена.

Diago се има натпреварувано на највискоите нивоа на преку десетина наслови почнувајќи од Vampire Hunter до Street Fighter 5. Тој се помести од само најдобриот Street Fighter играч во светот и каталист на глобалните натпреварувања во еСпортот до своевидна интернавионална славна личност кога тој го победи Justin Wong во 2004 година со неверојатен стил.

Можеби сте го гледале видеото со Diago кога тој е на малку HP, Wong речиси подготвен да победи, но со серија на надрелни блокови Diago успеа да ја земе победата буквално од рацете на Wong. Од Capcom подоцна изјавија дека видеото со камбекот на Diago било прегледано преку 20 милиони пати на Youtube.

Highlights:
Daigo vs Justin Wong, Evo 2009 Finals, Street Fighter 4
Daigo vs Ricky Ortiz, Evo 2010 Finals, Street Fighter 4
Daigo vs Alex Valle, 1998 Capcom World Championships, Street Fighter Alpha 3

4. Boxer

За одреден период, Lim Yo Hwan (SlayerS_BoxeR) беше еден од најголемите играчи во историјата на еСпортот.

Од нејзиниот почеток во 1998 година, па се до 2010 година, Starcraft беше најголемиот еСпорт на планетата. Додека другите игри се мачеа да воспостават регуларни натпревари и мораа да молат за спонзори, јужнокорејците ги полнеа стадионите со натпревари во Starcraft со повеќе од 100.000 фанови во публиката. Ниту една друга игра на земјава не може да се споредува. Фановите на Counter-Strike и Quake збореа за корејската Starcraft како за легенда бидејќи, за нив, токму тоа и беше. Многу од денешните успешни еспортови првата светлина ја видоа токму во Јужна Кореа.

Со најбрзо растечката светска економија за поголем дел од 90. години, јужнокорејската младина го „гушна“ професионалниот гејминг и овозможи тоа да стане важен спорт со легитимни супер ѕвезди. Покрај тоа што многу од играчите подоцна станаа славни личности, BoxeR се истакнува како некој што е Мајкл Џордан во еспортот.

Тој својата прва поголема победа ја извојувал на натрпевар во 1999 година. Тој ја надиграл целата игра успевајќи со нерфнат Теран да дојде до својот најголем успех до сега. Неговиот прв ник беше „The Hope of Terran“.

Јужнокорејската Starleague, најтешката и најважната за еспортот во своето време, беше буквално како двор за BoxeR. Тој го победи својот најголем ривал „The Storm Zerg „ Yellow“ за да ја освои првата од двете титули по ред na Starleague, нешто што се немаше случено се до Jaedong во 2009 година. Тој ги освои и World Cyber Games во 2001 и 2002 година, цементирајќи ја својата интернационална слава. Продолжи со победи и натпреварувања на шампионати се до 2004 година. Ривалствата на Boxer со играчи како што се Nada и iloveoov рангираат меѓу најинтересните во историјата на еспортот. Потпиша договор вреден 180.000 долари, рекорд за своето време и имаше глобален фан клуб од 500.000 членови.

Highlights:
The Greatest Starcraft match ever - SlayerS Boxer vs Joyo, Round of 16, OnGamenet Starleague 2003

3. Get_RiGhT

Во 2009 година, само две години по дебитирањето на компетативната Counter-Strike 1.6, Christopher „Get_RiGhT“ Alesund се искачи во аристократијата на Counter-Strike. По потрешени две години борјќи се за перманентно место кај шведските топ тимови, 19. годишниот играч беше регрутиран од Fnatic. Покрај тоа што беше опкружен со ѕвезди како што се f0rest, cArn и Rasmus „Gux“ Ståhl, токму Get_RiGhT беше тој што ја дефинираше шведската Counter-Strike 1.6.

Пионирајќи во тоа што денес е општо познато како „lurking“, Get_RiGhT постигнуваше поен со секоја можност што му го нудеше тимот. Комбинацијата на извноредно нишанење, неговото развиено сетило за околината и способност за движење го направија противник кој не само што сам често успеваше во поставување на бомбата, тој тоа успешно го правеше до крајот на мечот спасувајќи речиси секогаш „жива глава“.

За Get_RiGhT времето во Fnatic беше огромен успех, па така Швеѓанецот успеа да победи 10 настани за време на неговата прва година со тимот. Наредната година се покажа како помалку плодна, а во 2011 година, двајцата Get_RiGhT и f0rest, се натпреваруваа рамо до рамо во SK Gaming за период од година и шест месеци. Во тој момент, успехот Get_RiGhT што го искуси беше многу повеќе од повеќето играчи на еСпорт што можеа да замислат. Но се испостави дека работите само што почнале да се отплеткуваат за овој играч.

Со пуштањето во промет на CSGO, GeT_RiGhT се воспостави себе си како најдобриот играч во светот за само неколку месеци. Натпреварувајќи се заедно со f0rest повторно, двајцата играчи го сочинија најсилното дуо видено во било кој еСпорт, уништувајќи го својот непријател.

Get_RiGhT е прогласен за еден од топ трите играчи во историјата на еСпортот.

2. Flash

Од 1998 до 2010 година, јужнокорејската Starcraft беше најкомпетативната гејминг сцена на планетата. Starcraft ги имаше парите и статусот за да создаде и оддржи разнолик екосистем за период поголем од декада. Телевизиските пренесувања и нет кафињата ја испреплетоа играта во секојдневниот јужнокорејски живот. Додека другите игри срамежливо доаѓаа во фокусот на вниманието, Starcraft дојде на голема врата и никогаш не застана.

Најдоминантниот, високо платен Starcraft играч на сите времиња е Lee Young Ho (Flash) со преку 400.000 долари освоени по натпревари и стотици илјади обезбедени од договори и спонзори. Во најшироко гледаната, од блиску анализирана, игра со голем притисок, Flash беше неприкосновен.

Тој е сопственик на абсурден 70% winrate против светската најдобра елита, го држи рекордот со највисок рејтин на сите времиња, го дели рекордот за надолго време број 1 играч во светот и е изедначен со победи за време од една година во Starleague, вели Liquipedia. За многу модерни еСпорт фанови, Flash е обете, доминација и генијалност.

Lee Young Ho еден период беше познат под псевдонимот „Final Boss“ и „The Ultimate Weapon“, но неговата листа на достинувања растеше, па така фановите почнаа да го викаат нешто поедноставно и поточно: God.

Highlights:
Flash vs Jaedong, WCG Korea 2010
The Ultimate Weapon, 2009 highlights
Flash vs. Best, Proleague 2011

1. Faker

Ако BoxeR беше Мајкл Џордан на еСпортот во неговата улога како амбасадор на игрите, тогаш Lee „Faker“ Sang-hyeok е Мајкл Џордан на еСпортот на бојното поле.

Суперѕвездата на League of Legends е најдобриот играч на најголемиот и најкометативниот еСпорт во историјата, доминирајќи на сцена која навистина постигна професионално ниво на компетиција. Не само што Faker е извонредно талентиран на ниво со играчи од негов ранг, тој има изведено нечуен успех во игра која е на „две столчиња“, помеѓу тимскa и индивидуална. Во LoL, тимската работа, стратегијата и координацијата се разлика меѓу победа и пораз. Освен ако не играш против Faker.

Тогаш 17. годишниот Faker се откри на сцената во 2013 година, како млад регрут од наголемиот еСпорт тим во Кореа, SK Тelecom, и заедно со него ја донесе и самата игра до огромно значење. Во пролетната сезона, Faler ги поведе SKT до трето место додека собираше почит како потенцијално најдобиот мидлејнер во светот во улога на почетник. Летото што следи SKT ја освои титулата и продолжи да ги ниже своите успеси се до World Championship во Стејплс центарот во Лос Анџелес.

Од тогаш, Faker e синоним за успех. Toj e еден од двата LoL играчи кој освоил три светски титули. Тој има освоено шест домашни титули од неговиот почетокот на кариерата, од кои три му беа последователни. Ги победи сите интернационални натпревари во LoL вклучувајќи IEM, All-Starts и Mid-Season Invitational како и World Championship.

Тој е единствениот еСпорт играч кој се појавил на насловната страница на магазинот ESPN. Заработил повеќе парични награди отколку било кој друг негов колега од LoL, неговиот 1 милион е поголем за речиси 200.000 долари од оној на неговиот следбеник на листата кој има само 800.000 долари. Кога EDward Gaming ги победи SK Telecom T1 на Midseason Invitational во 2015 година, единствената дамка на сивито на Faker од неговиот неуспех да се квалификува за World Championship 2014, беше толку легендарна не од причина што SKT изгубија, туку бидејќи тие изгубија додека ја имаа Leblanc на Faker во играта, која до тогаш не беше победена во 12 професионални игри.

Фактот дека играч како Faker постои кај една игра како LoL покажува дека за да се биде најдобар треба да се има огромна вештина, бидејќи фановите уживаат гледајќи го и го празнуваат како спорт. Додека BoxeR беше феномен во Јужна Кореа, водејќи ја револуцијата на еСпортот во оваа држава, Faker ја служи истата улога само на глобално ниво.

Highlights:
Faker duels KT Ryu, The best League of Legends play ever?
SK Telecom T1 vs. Royal Club, 2013 World Championship
Faker Highlights Worlds Montage, 2015 World Championship highlights

Кој според Вас е најеСпорт играч на сите времиња? Кој за Вас оставил поголем впечаток од сите до сега? Вашите коментари ги очекуваме нашата ФБ фан страна. 

GGWP


 

Print
728

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
«ноември 2017»
понвтрсрдчетпетсабнед
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930123
45678910
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top