Register
en-USmk-MK
Select the search type
  • Site
  • Web
Search
ПРАВИЛA ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКАTA COUNTER-STRIKE ЛИГА Maximize
ПРАВИЛA ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКАTA LOL ЛИГА Maximize
ПРАВИЛA ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКАTA HEARTHSTONE ЛИГА Maximize
ПРОЦЕДУРА за пријавување во ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР Minimize

Македонската е-Спорт Федерација активно ќе учествува и ќе им помогне на сите новоформирани клубови во изготвувањето на документите за Централен Регистар.

За основање на здружение потребно е да има 5 основачи од кои треба 3 се управен одбор и 2 надзорен одбор. Еден од тие 5 ќе биде назначен за претседател и двајца се оверувачи на записникот кој ќе се води и во кој треба да се наведе дневен ред .

Доколку основачите се помлади од 18 години, потребно е да се достави и изјава од законски старател (родител) за согалсност за основање на здружение за е-спорт натпревари.

Потребно е да се изготви програма за дејствување на здружението,(учество на е-спорт натпревари) и да се наведе во актот и статутот на здружението кои ќе бидат целите и задачите на здружението. За овие документи ќе се погрижи МеСФ, во интерес на поедноставување на процесот.

Следен чекор е избор на назив на здружението, во кој ќе се наведе на што упатува работата на здружението. На пример Здружение за развој на е-спорт КРЕАТИВА Скопје.

Потребно е да се достават лични карти на сите 5 основачи,

По подготовка на сите документи, се врши уплата од 2452,00 денари на Централен регистар на некој од сметките , за да може да се подготвиме потребните документи кои потоа ќе ви бидат доставени на потпис . ( доколку во називот се користи зборот МАКЕДОНИЈА или СКОПЈЕ ќе ни треба дополнително ,посебна дозвола )

Copyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje