Macedonian e-Sport Federation
en-USmk-MK
Language

Vardar eSport team, MZT esports; Дали би ги следеле нашите тимови во дигиталните арени по примерот на светските клубови?

Vardar eSport team, MZT esports; Дали би ги следеле нашите тимови во дигиталните арени по примерот на светските клубови?
Saso
/ Categories: MeSF News

Vardar eSport team, MZT esports; Дали би ги следеле нашите тимови во дигиталните арени по примерот на светските клубови?

Paris Saint-Germain, AS Monaco, As Roma, Schalke 04, FC Copenhagen, The Miami Heat, the Philadelphia Sixers се само дел од спортските франшизи кои од неодамна станаа дел од еСпортот.

Додека некои клубови како Manchester City или Monaco кои внимателно движат напред со неколку FIFA играчи, други организации како PSG или Copenhagen смело инвестираат и регрутираат топ тимови од League of Legends, па се до Counter-Strike: Global Offensive. Но, зошто овие клубови толку сакаат да се дел од еСпорт сцената?

Не е скапо

The Philadelphia Sixers ги купија Team Dignitas и Apex Gaming за вкупна сума од некаде помеѓу 5 до 10 милиони долари. Џејмс Палота, косопственикот на AS Rома и Boston Celtics, беше дел од собирањето на средства тешко седум милиони долари од страна на Fnatic, додека Milwaukee Bucks си купи место за League of Legends на шампионатот вреден 2.5 милиони долари.

Овие суми можеби ви изгледаат високи, но во реалноста тие се навистина добри зделки кога ќе се стават во перспектива со финансиската моќ на овие групи, цените за купување на шампионатски места и инвестирањето во етаблираните тимови. Fnatic ја има најголемата структура во светот. Со дузина тимови, оваа група е присутна на секој континент и дури поседува свој бренд на гејминг опрема. Во контраст, PSG наводно платил 70.000 долари за да има Huma слот во Challenger Series, тим кој остана без играчи. Се повеќе инвестиции се потребни за успешно брендирање како и за плати на играчите.

Милијардерски извор на пари

Во 2017 година, професионалната еСпорт индустрија очекуваше да заработи 492 милиони долари во добивка, што е пораст од 51% од 2015 година. Овие добивки вклучуваат медиумски права, разна брендирана роба и продажба на билети како и рекламирање и спонзорирање.

Очигледно ова е далеку повеќе од 13. милијарди заработени во NFL (американската фудбалкса лига), па дури и од 1.5 милијарди евра заработени во Ligue1 во фудбалот. Празнина која може за многу кратко време да се премости бидејќи индустријата на еСпортот се очекува да заработи 1.5 милијарди до 2020 година.

Овие бројки треба сепак да бидат разбрани правилно. Станува збор за Ligue1, која е специфична лига за специфична дисциплина на специфична територија. Од другата страна, овие бројки на еСпортот се глобални и за сите игри и шампионати. Покрај тоа што ова е можно објаснување за сигурното и брзо растење на профитот, овој раст исто така може да резултира во растење на интересот на јавноста и на играчите во индустријата. Инвеститорите во еСпортот, барем повеќето од нив, не сакаат да заработат веднаш, туку својата инвестиција ја базираат на планови од долг рок.

Додека спорот традиционално силите си ги мери на полињата, некои од водечките европски клубови се проширија во светот на еСпортот во обид на тотална доминација на реалниот и електронскиот свет.

Моменталните натпреварувачи до сега бројат:

PSG

На фудбалското поле PSG (како што сите ги знаеме) стана голема сила. Потпомогнати од Qatar Sports Investments (QSI), тие го имаат најскапиот светски играч, бразилската суперѕвезда Neymar Jr. и многу други топ имиња како Edison Cavani, Kylian Mbappe и Julian Draxler.

Нивните почетоци со еСпортот датираат уште од октомври 2016 година кога тие формираа партнерство со Webmedia и ивент организаторот ESWC. Според Претседателот Nasser Al-Khelaifi, PSG избра да влезе во еСпортот со донесувањето на новата стратегија за развој на компанијата и нејзина дигитализација. Тој верува дека еСпортот нуди нови и уникатни начини за поврзување со моменталната база на фанови како и за привлекување на нови фанови, особено на пазарите во развој како што се Кина, Југоисточна Азија и исто така во Велика Британија. Моментално има огромен пораст на еСпорт индустријата во Велика Британија. Нови сајтови за обложување во еСпортот се појавуваат речиси секојдневно што укажува на голема побарувачка, сите сакаат дел од тој колач.

Со огромните ресурси QSI што може да ги снабди, PSG eSports се доста зафатени со регрутирање на светските најдобри еСпорт играчи. Се разбира, FIFA е една од игрите каде PSG сака да владее, па затоа тие ги ангажираа August „Agge“ Rosenmeier и Lucas „DaXe“ Cuillerier. DaXe успеа да стане 17. Светски Шампион во FIFA на Paris Games Week. Ова е прва титула на PSG, но како што изгледаат работите, сигурно нема да им биде ни последна.

Schalke04

Schalke04 од германската Bundesliga исто така се приклучи на светот на еСпортот во 2016 година кога тие купија место на EU League of Legends Championship Series заедно со целосниот тим на Element.

Одлуката на Schalke да биде дел од оваа индустрија беше под влијание од фактот што месечно 70 милиони активни играчи се натпреваруваат во LoL. Тие ова го гледаат како недопрен пазар, па затоа и како перфектен за растење и развивање на брендот.

Schalkе04 eSports додадоа уште тимови кои можат да се натпреваруваат во наслови како што се PES и FIFA. Покрај тоа што тие немаа некој успех на почетокот како нивниот ривал PSG, Schalke04 eSports се решени да напредуваат и имаат намера да станат вистинска сила во гејминг светот.

Ајах

Најпознатиот холандски фудбалки клуб, Ајах е уште едно име кое се придружува на растечкиот број на фудбалски клубови кои дебитираат на еСпортските арени.

Со годините, Ајах разви некои од светските најдбори играчи како што се Johan Cruyff, Dennis Bergkamp, Patrik Kluivert и Edgar Davids и сите овие ни доаѓаат од продукциската линија на клубот. Сега тие имаат намера да го сторат истото со Ајах eSports.

Моментално, нивниот фокус е само на натпревари во FIFA и остануваат цврсто на истиот успешен план, па затоа тимот доста внимание и работа посветува на домашните таленти како Koen Weijland и Dani Hagebeuk. Dani веќе има постигнато некој почетнички успех рангирајќи се меѓу десетте најдобри на неколку настани меѓу кои UTCS 17 и FIWC 2017.

Јасната намера на посветеноста на долг рок на Ајах во еСпортот може да се види и со новите партнерства кои тие ги коваат. Моментално, тие имаат договори со Ziggo, Adidas, ABN AMRO, Subway, Ex Sports и Paypal.

Celtic

Шкотскиот гигант Celtic ги засилија своите намери за еСпортот со неодамнешното партнерство со Qwatti eSports Agancy. Иако во моментов тие сеуште немаат формирано тим, нивното партнерство ќе почне со оддржување на EA Sports FIFA 18 нарпревари за фановите на Celtic.

Изјава од клубот вели дека сега е вистинско време за да се земе во прегратки еСпортот поради неговата популарност меѓу милениумската генерација. Преку натпреварите во FIFA, фановите ќе можат да освојат потпишани дресови, билети за мечовите на Champions League и да се сретнат со фудбалерите во живо.

Колку долго ќе помине додека тие формираат свој Celtic eSport тим кој ќе се натпреварува во големите лиги сеуште не знаеме, но сме повеќе од сигурни дека темелите се поставуваат.

Останати клубови

Во продолжение на четирите спомнати клубови погоре, Manchester City е исто така активен во еСпортот со нивниот главен играч Kieran „Kеz“ Brown кој се натпреварува ширум светот во FIFA. West Ham United, Valencia, Wolfsburg, Monaco, Brondby, Dynamo Kiev, Sporting (Лисабон) и Legia Warsaw исто така имаат свои професионални еСпорт играчи меѓу нивните редови.

Зголемување на вниманието за генерација Y (милениумците) изгледа дека е заедничка нишка за сите фудбалски клубови кои имаат создадено eSport дивизии – не само дома, туку ширум целиот свет. Со оглед на фактот дека некои тимови ќе можат да преговараат за нивни ТВ и медиумски договори во иднина, привлекувањето на фанови низ целиот свет сега изгледа на паметен чекор.

Дали сакате да го видите ФК. Вардар или КК. МЗТ Скопје како дел од еСпортот, дали сметате дека нашите тимови се спремни за ваква дигитална авантура. Ги очекуваме вашите кометари на нашата фан страна на Facebook, а до тогаш GLFH.

Print
6027

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
«November 2017»
MonTueWedThuFriSatSun
303112345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930123
45678910
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top