en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

TSM со својот најголем проект до сега?

TSM со својот најголем проект до сега?

  • 15 April 2020
TSM со својот најголем проект до сега?

Американската еспорт организација Team SoloMid е во процес на градење на најголемиот и најскапиот еспорт тренинг центар кој ќе чини 50 милиони долари.

Покрај тоа што центарот ќе биде сместен во Лос Анџелес и се уште не е завршен, TSM може да се пофали со она што го подготвуваат за нивните играчи и навивачи. Според нив, ова ќе биде најскапиот еспорт центар од овој тип во светот, а ќе зафати вкупна површина од 25,000 метри квадратни. Покрај 60 вработени во TSM и нивните еспорт екипи кои ќе бидат сместени на локацијата, навивачите ќе имаат прилика да дојдат и да ги посетат продавниците каде ќе има навивачки реквизити, како и заедно да ги гледаат мечевите на TSM во LCS лигата.

Локацијата ја откри директорката на TSM, Leena Xu и Fortnite ѕвездата, Ali "Myth" Kabbani, а покрај веќе споеменатите работи тренинг центарот ќе располага и со стандардни простории за играчите како што се теретана, кујна и простор за одмарање и играње. Она по што овој тренинг цетар ќе се одвои од другите е тоа што по барање на капитенот на нивниот водечки LoL тим Soren "Bjergsen" Bjerg изграден е специјален танкер за медитирање, полн со солена вода, целосно одсечен од светлост и звук кој ќе дозволи на игрчите да се подготвуваат за нивните мечеви во потполна тишина.

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top