Macedonian e-Sport Federation
en-USmk-MK
Language

Германските коалициски партии се сложија да го признаат еСпортот како спорт

Германските коалициски партии се сложија да го признаат еСпортот како спорт
Saso
/ Categories: MeSF News

Германските коалициски партии се сложија да го признаат еСпортот како спорт

Повеќе од три месеци по германските федерални избори, се уште се нема формирано Влада. По долги преговарања, партиите на Меркел и Шулц се на работ на нова коалиција и една од нивните точки на кои тие најдоа заеднички јазик е признавањето на еСпортот како спорт.

Преговарањата меѓу овие два партиски лидери се очекува да завршат набрзо и ако тие се успешни и одобрени од нивните партиски членови, новата влада ќе ги поддржува локалните еСпорт клубови и ќе вложува напори со цел еСпортот да биде дел од Олимпиското семејство.

„Сакаме да дадеме поголем публицитет на еСпортот“, вели плитичарката Дороти Бар. „Компетативниот гејминг треба да е официјален во унијата и озаконет, а со тоа еСпорот треба да добие Олимписка перспектива“, додава таа.

Не е прв пат да има постигнат договор од повеќе партии за признавање на еСпортот како спорт во Германија. Три политички партии до сега имаат потпишано договор во парламентот на Шлезвиг-Холстајн, во Северна Германија, за препознавање на еСпортот во регионот. Сепак ова за прв пат се случува на федерално ниво.

Ова е голема вест за еСпорт клубовите во Германија бидејќи признавањето како спорт ќе значи трасирање на патот до статус на непрофитни организации, нешто што значи помалку даноци за овие клубови како и други бенефиции како на пример добивање на даночни донации од други фирми и слично. Аматерската еСпорт организација Лајпциг еСпортс се здоби со ваков статус минатата година во декември, но не под категоријата спорт кај даночните власти, туку како младинска организација.

Признавањето на еСпортот е на врвот на листата кај новата еСпорт федерација на Германија, the Esport Bund Deutschland (ESBD) уште од самото нејзино формирање минатиот ноември.

Нејзиниот претседател, Ханс Јагноу, подвлече дека е од особена важност еСпортот да биде легално признат како спорт во неодамнешно интервју со The Esports Observer. Тој вели дека дискусијата на оваа тема можеби заморува, но на политичко нови, многу е важна за понатамошниот развој на сцената во Германија.

Print
1410

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top