Macedonian e-Sport Federation
en-USmk-MK
Language

La Liga го подготвува теренот за еСпорт во Шпанија

La Liga го подготвува теренот за еСпорт во Шпанија
Saso
/ Categories: MeSF News

La Liga го подготвува теренот за еСпорт во Шпанија

La Liga објави дека ќе го отпочне својот прв еСпорт турнир кој треба да се оддржи во Барселона идниот месец, каде целта е да биде главната гејминг компетиција за Шпанија.

Натпреварувањето се содржи од онлајн квалификациска фаза по која следи турнир на почетокот на април за Xbox и за Playstation. Победниците од турнирот ќе бидат оние кои ќе ја претставуваат Шпанија на EA SPORTS FIFA 18 Global Series Playoff во јуни, каде што можат да стигнат и до FIFA eWorld Cup 2018, пренесува Ројтерс.

„McDonald’s Virtual La Liga eSports започнува во Шпанија како прв поголем проект на La Liga eSports“, вели одговорно лице од организациската структура на La Liga. „Во соработка со Profssional Videogame League имаме цел да го трансформираме овој амбициозен турнир во препознатлив бренд за натпреварување во Шпанија“, додава тој.

Најчесто поврзани жанрови на видео игри поврзани со еСпорт се страгегиите во real-time, fighting, first-person shooter и multiplayer online battle arena.

Турнирите како што се The International, the League of Legends World Championship, the Evolution Championship Serues и the Intel Extreme Masters нудат пренос во живо за самите гледачи, додека за учесниците се резервирани парични награди.

Print
1753

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top