en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Што значи да сте еСпорт тренер/аналитичар?

Што значи да сте еСпорт тренер/аналитичар?

  • 25 May 2020
Што значи да сте еСпорт тренер/аналитичар?

Што е тренер?

Исто како кај традиционалните спортови, тренерот му помага на својот тим да тренира против други тимови (scrim) со цел да се подобрат.

Тие работат доста тесно со својот тим со цел да ги мотивираат, да ги најдат нивните предности и слабости и да бидат сигурни дека тимот игра со полн потенцијал. Тие развиваат стратегии и ги анализираат противничките тимови за да имаат што е можно повеќе победи во својата кариера, без разлика дали се тоа мечеви или натпревари.

Од тренерите можно е да биде потребно да ги снимаат мечевите, да ги прегледуваат, да бидат во тек со играта во прашање, да даваат забелешки и да договараат scrims.

Што е аналитичар?

Аналитичарите се експерти во собирањето на информациите што ги преработуваат за да дојдат до некои интересни статистики од кои би научиле нешто, без разлика дали станува збор за одреден тим, организатор на натпревари, продукциска куќа или девелопер.

Тимските аналитичари најчесто се во тесна соработка со тренерите за да создаваат поуспешни стратегии, да ги анализираат предностите и слабостите и да го пренесат сево ова на играчите за да тие можат да го дадат најдоброто од себе. Некогаш се случува една иста личност да биде одговорна за овие две улоги во еден тим.

Некои компании и девелопери најмуваат аналитичари или статистичари што ќе им водат сметка за фактите, статистиката и останати информации поврзани со нивната игра во текот на една сезона.

 

Кои вештини ви се потребни?

Ви треба одлично познавање на правилата и комплексноста на играта во прашање, а и ќе биде барано од вас да бидите во можност самите вие да ја играте играта на слично ниво како и остатокот од тимот. Треба да водите сметка за сите промени во играта како и што е мета (како професионалците ја играат играта и на кој начин) во моментот, да ги анализирате мечовите од поголемите лиги за да добиете идеи за вашиот тим, да ги посочите предностите и слабостите на вашите играчи и да смислувате нови стратегии.

Тренерите и аналитичарите треба да се во можност да го анализираат противникот, да прават записници од тие информации, да комуницираат со својот тим и да ги користат сите податоци што ги имаат на располагање најефикасно што може.

Од некои тренери се бара да помагаат на менаџерот или сопственикот на тимот во регрутирањето на нови играчи, да го оддржуваат седиштето на тимот, да го следат здравјето на играчите и повеќе.

Кои квалификации се потребни?

Исто како што е со останатите улоги во еСпортот, конкуренцијата може да биде жестока што значи дека искуството е од најголема важност.

Има многу аматерски еСпорт организации во ВБ, а и во светот, што бараат пристојни тренери и аналитичари.

Можеби нема да се во можност да ви понудат плата, па затоа волонтирањето кај нив во текот на една сезона може да ви биде доста вредно, во поглед на искуство.

1. Мојот прв совет е секогаш да разбирате што правите и уште поважно ЗОШТО го правите тоа. Да разберете што ве мотивира, колку силно сте спремни да пробате нешто колку време и внимание можете да посветите и колку долго можете тоа да го правите. Ако се погрижите да ги знаете овие работи ќе ви биде полесно да се снајдете во дадена ситуација и ќе можете да избегнете негодување од тимот ако работите тргнат во погрешен правец.

2. Второ, јас би предложил да се фокусирате на јасни цели и постигнувања, не само во улога на тренер туку тоа да го практикувате и за самите вас. Зацртајте некоја поголема цел за вас и вашиот тим, а потоа размислувајте како ќе ја постигнете истата преку помали и полесни цели од неа.

3. Трето, јас би ве советувал да бидете целосно самокритични и рефлективни. Континуирано гледајте наназад на вашиот ден или недела и споредете што сте успеале да постигнете, а што не и што сте направиле добро, а што сте можеле подобро да го изведете.

4. Никогаш не престанувајте со учењето и надградувањето.

Воопшто не е лесно да се биде нечиј тренер или аналитичар. Сепак работното место може да ви донесе слава како онаа на играчите и вреди да се проба доколку навистина го сакате тоа.

Print
Categories: MeSF News

Search

Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top