Register
en-USmk-MK
Select the search type
  • Site
  • Web
Search
Minimize

4 May 2016

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО Е-СПОРТ

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО Е-СПОРТ

Author: Saso  /  Categories: MeSF News  / 

 

 

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО Е-СПОРТ

80 натпреварувачи, 4.000 гледачи

05.09.2016, Скопје – Тимот Dark Side во Counter Strike: GO, тимот EON  во League of Legends и Никола Ивановски во Hearthstone се официјалните победници на националните квалификации за светското првенство во е-спорт. Интересен е и податокот дека најдобрите од Првата Paynet Национална Лига беа победници и на финалниот квалификациски турнир, вели Бобан Тотовски, претседател на МеСФ.

Тој додаде дека на натпреварот, во организација на  Македонската е-Спорт Федерација, а со подршка од Seavus, учествуваа 80 учесници, а натпреварите во живо ги следеа повеќе од 4.000 гледачи преку твич каналот на МеСФ.

 

Никола Ивановски, победникот од првата лига во Hearthstone, беше победник и на финалниот турнир. Сосема заслужено, со 3:1 го совлада Андреј кој беше финалист на турнирот.
Натпреварите во
Counter Strike  и во League of Legends беа неизвесни до крај. Најдобрите македонски тимови, Dark Side и Entity во неизвесен меч во Охрид си ги одмерија силите, но искуството на Neno и Nightmare, двајата најдобри македонски играчи, го одлучија победникот. Во League of Legends, EON против Mischevious, првата рунда навести дека ќе гледаме тежок натпревар. EON беа пред елиминација, но со одлична стратегија во самиот финиш, извојуваа победа. Во следните две рунди, EON не дозволија изненадување и најдобриот македонски тим ќе ја претставува Македонија на светското првенство.

 

                Во следниве 30 дена, Македонската е-Спорт репрезентација ќе има подготовки за учество на светското првенство во Џакарта, од 6-ти до 9-ти октовмри 2016 година, каде се очекуваат добри резултати со оглед на квалитетот на играчите.

 

Според Тотовски, станува збор за мега-популарен спорт кој може позитивно да се искористи за анимирање на младата популација и нивно отргнување од пороците.

 

„Нашата стратегија започна да се реализира со формирање на првата официјална македонска е-спорт лига. Во тек се преговори со Агенцијата за Млади и Спорт за признавање на е-спортот како спорт, следејќи ги примерите на Русија, Кореа, Шведска и останатите држави. Меѓу позначајните цели е идејата да се формира е-спорт академија, место каде ќе можат да тренираат нашите играчи и да се врши обука на следните генерации. Исто така, се подготвува и онлајн база, каде ќе бидат евидентирани сите гејмери во Македонија“, објаснува Тотовски.

 


Number of views (3339)      Comments (0)

Tags:
Copyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje