en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

НЕЛ Season 2 заврши, Reborn Esports македонски шампиони

НЕЛ Season 2 заврши, Reborn Esports македонски шампиони

  • 6 January 2020
НЕЛ Season 2 заврши, Reborn Esports македонски шампиони

По речиси месец интензивно натпреварување NEL Македонија во League of Legends заврши, а ние веќе го имаме нашиот шампион и репрезентација. Вчера нешто до полноќ се играше финалето на оваа лига помеѓу Reborn Esports и Rerspawn Gaming кои навистина дадоа се од себе, но и неверојатна забава.

Финалето се играше BO5 односно во три добиени меча за да вистински се одмерат силите на овие тима, а вкупно се одиграа четири меча. Првата победа беше резервирана за тимот на RG, но наредните три меча припаднаа на победничкиот тим RB. 

Во текот на мечевите можеа да се видат одлични камбекови на двата тима на кои силите речиси им беа израмнети, но за подобро или полошо, повеќе среќа имаше тимот на RB. Со одличен гејмплеј и тимска синхронизација демонстираа одлични тимфајтови (со повеќе или помалку невообичаени херои) на сите лејнови без исклучок. Заслугата за победата на RB според МЕСФ се должи на нивното ADC  Evil Designer кој е импорт во овој тим и играше со египетска IP адреса. За нивен најголем противник (и најмногу ги испоти) може слободно да се заклучи дека беше  NIKOLAPESHEVSKI од RG кој играше на mid лејнот и имаше одлична статистика на крај од секој меч. 

Тимот на RB освоија парична награда од 500 евра и слот во затворените квалификации на EBL каде што ќе се сретнат со регионалните шампиони, а ако покажат успех тука продолжуваат да се борат и на европско ниво. Им ја честитаме победата и им посакуваме многу успех во игрите што им претстојат и се разбира, да читаме за нив како ултиматни победници на EBL.

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top