en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Еспорт календар на настани за 2020 година

Еспорт календар на настани за 2020 година

  • 15 January 2020
Еспорт календар на настани за 2020 година

Со почетокот на 2020 година полека почнува да се комлетира и еспорт календарот за истата и навистина има што да се проследи. Подолу ќе ви ги наведеме сите поважни дати на сите поголеми еспорт натпревари и лиги за кои знаеме до денес.

Еве што треба да знаете за најочекуваните настани за 2020 година.

Dota2

DreamLeague Season 13 Leipzig Major - 18-26 јануари

Првиот DPC Major за 2020 година (и вториот Major од DPC сезоната) ќе почнува во Лајпциг, Германија. Сите DPC Major оваа сезона ќе имаат 16 тима кои ќе се борат за 1м американски долари како награден фонд и 15.000 DPC поени.

ESL One Los Angeles Major - 15-22 март

Вториот DPC Мajor за оваа година ќе се оддржи во Лос Анџелес, Калифорнија во март. За помалиот претходник за овој натпревар се уште нема одредено точна дата.

ONE Esports Jakarta Invitational - 17-20 април

ONE Esports ги продолжува своите успешни Invitationals серии со Jakarta Invitational. На овој настан 12 од најдобрите тимови во светот ќе се борат за награден фонд од 500.000 американски долари.

Epicenter Major - 1-10 мај

Третиот Major ќе се случи во Москва во месец мај. Исто како и LA Minor, на претходникот на овој Major не се знае точната дата на оддржување.

ONE Esports Singapore Major - 20-28 јуни

Последниот Major за годинава ќе се случи во Сингапур. За многу тимови ова ќе биде последната шанса да се квалификуваат во TI10.

The International 2020 (TI10) - 12-23 август

TI се враќа во Европа во неговата јубилејна 10. година. Ова ќе биде најголемиот Dota натпревар во годината и ќе се оддржи во Стокхолм, Шведска од 12. до 23. август.

League of Legends

LoL Pro League (LPL) почнува - 13 јануари

Кинеската LPL е првата од пролетната сезона што ќе почне. Дали шампионите од Worlds 2019, FunPlus и Phoenix ќе можат да го продолжат своето тотално доминирање?

League of Legends European Championship (LEC) почнува - 24 јануари

Наредно е европското LEC кое е најавено за 24. јануари. G2 Esports, Fnatic и Origen се најголемиоте фаворити во овој тежок регион.

League of Legends Championship Series (LCS) почнува - 25 јануари

Следна е Северна Америка со нивната сезона што почнува на 25. јануари. Ќе може ли Team Liquid да осовои до сега не видена петта NA титула по ред?

League of Legends Champions Korea (LCK) почнува - 5 февруари

T1 и Lee “Faker” Sang-hyeok ќе имаат шанса да се вратат во 2020 со почетокот на корејската лига што почнува на 5. февруари

Pacific Championship Series (PCS) почнува - 8 февруари

Новата PCS лига на Азија ќе има свое деби на 8. февруари каде што учество ќе земат тимови од Тајпеи, Хонг Конг , Сингапур, Манила и Банког.

Боречки игри

Evo Japan - 24-26 јануари

Evo Japan доста рано ја отвара сезоната во новата 2020 година, а играчи како Yusuke “Momochi” Momochi и Arslan “Arslan Ash” Siddique ќе имаат прилика да ги одбранат своите Street Fighter and Tekken титули

Capcom Pro Tour почнува - 20 март

Street Fighter V про сезоната почнува заедно со Brussels Challenge на 20-21 март. Оваа година, CPT ќе биде поделен на две половини со ресет на бодовите во периодот меѓу нив. Од атлетите што ќе земат учество само 16 ќе се квалификуваат Capcom Cup што ќе се случи на крај оваа година.

Capcom Pro Tour втора половина почнува - 10 јули

Втората половина ќе биде со почетокот на Sonic Boom Ranking натпреварот во Мадрид, Шпанија на 10. јули.

Tekken World Tour почнува - април

Tekken World Tour се враќа во април, но официјална дата и распоред за остаток од годината во моментов нема.

Battle Arena Melbourne - 29-31 мај

Најголемиот настан за борбени игри на Австралија почнува на 29. мај. Овој натпревар е потврден како CPT Premier настан, а најверојатно ќе се брои и како TWT Masters настан.

CEO 2020 - 26-28 јуни

Премиер турнирот за боречки игри на Флорида се враќа оваа година на 26. јуни. Овој турнир исто така е CPT Premier настан.

Evo 2020 - 1 јули

Најголемиот турнир за боречки игри на годината повторно ќе се оддржи во Лас Вегас, Невада. Изненадувачко е тоа што овој настан не е дел од CPT, а неговиот статус како TWT Masters треба допрва да се објави, што значи дека може само парични награди и гордост да бидат на линија за овие играчи.

VS Fighting - 21-23 август

VS Fighting што ќе се случува во В. Британија ќе е CPT Premier натан и останува да биде еден од наголемите FGC турнир во Европа.

Capcom Cup 2020 - 28 декември

Capcom Cup ќе се случи во Парис, Франција оваа година. Како по вообичаено квалификациски турнир како последна шанса ќе се одджи еден ден пред главниот настан.

Overwatch

Overwatch League 2020 Regular season - 8 февруари - 10 август

Регуларната сезона на Overwatch League почнува на 8 февруари, а ќе се одвива во Arlington Esports Stadium.

Регуларната сезона за 2020 година ќе тече 27 седмици, а целосниот распоред можете да го најдете тука.

Overwatch League 2020 All-Star Game - 3-4 мај

Оваа година All-Star Game ќе се случи во по 13. недела, за време на паузата во средина на сезоната. Нема повеќе детали од ова за овој настан во овој момент.

Што се случува со Fortnite World Cup, MLBB World Championships, Arena of Valor World Cup и Arena of Valor International Шампионатите? Знаеме дека овие настани ќе се случуваат, но до сега нема никакви информации објавено за нив. Треба да се остави простор за организаторите можат убаво да ги испланираат овие настани пред било што да биде објавно, но ние ќе сме тука да ве известиме за сите настанати промени за овие настани и случувања.

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top