en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Еспорт Турнирот на Телеком и МЕСФ завршен, Team Mystique тотално доминраа

Еспорт Турнирот на Телеком и МЕСФ завршен, Team Mystique тотално доминраа

  • 30 December 2019
Еспорт Турнирот на Телеком и МЕСФ завршен, Team Mystique тотално доминраа

Последниот викенд на 2019 година успеавме да го крунисаме од одличен еспорт турнир во соработка со Телеком. Со вкупна бројка од над 100 еспорт атлети, атмосферата во управната зграда на Телеком беше преполната до последниот метар квадратен со многу гејмање, компетитивност, но и доста забава. 

Главната игра каде што учество земаа осум тима, Dota2, беше нешто што не смееше да се пропушти бидејќи речиси сие игри беа доста тесни и тимовите мораа да го дадат најдоброто од себе за бидат на врвот. Покрај Dota2 имавме и турнири во PES2020 и Hearthstone каде што поминаа во најдобар ред и нашите играчи имаа сила да си ги одмерат силите меѓусебно.

Пласман во полуфиналето на Dota2 успеаа да обезбедат тимовите на Teletabisi, Risitas, Team Mystique и Nej4ime Totki во првиот ден од турнирот. Во малото финале, односно мечот за 3. место, беше резервиран за Risitas и Nej4ime Totki каде се играше трет меч за да се одреди победникот, а Risitas го обезбеди бронзеното место. Финалето го играа тимовите на Team Mystique и Teletabisi каде се играше и решавачки меч меѓу овие два тима. По исцрпните 3 часа на финалето Team Mystique ја извојува својата последна официјална победа за 2019 година и стана победник на Еспорт Турнирот на Телеком. 

За разлика до Dota2 каде што мечевите малку, но долги, присутните играчи на PES вкупно одиграа нешто повеќе од 240 меча. Трет заврши Александар Неделковски, на второ место беше Филип Трајановски, а првак меѓу ефудбалерите беше Антонио Стевановски. 

Надвор од игрите за компјутери и конзоли, хартстонџиите видоа доста забава и компетативност на настанот исто така. По дводневно натпреварување од пријавните играчи на третото место се пласираше Никола Јанакиевски, сребрен беше Ристе Гонев, а како најдобар меѓу нив беше Ѓорге Гогов.

Заклучно со овој турнир ја затвораме сезоната на МЕСФ и компетативниот еспорт, но се разбира веќе сме во припреми за наредната 2020 година која што се очекува да биде доста пресудна за македонските еспорт атлети. Без одмор и никакви знаци на забавување ќе почнеме уште на самиот старт односно на 4. и 5. јануари имаме полуфинални и финални мечеви во NEL во League of Legends каде нашите четири најдобри тима во оваа игра Respawn Gaming, HARMONY, Reborn e-Sports и Vincit Omnia ќе играат за првото место вредно 500 евра и слот во затворените квалификации на EBL.

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top