en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Аплицирање за квалификациите на 5. сезона на Dota2 лигата на МЕСФ

Аплицирање за квалификациите на 5. сезона на Dota2 лигата на МЕСФ

  • 20 March 2020
Аплицирање за квалификациите на 5. сезона на Dota2 лигата на МЕСФ

Како што беше претходно најавено, МЕСФ ќе ја органзира својата петта сезона од Првата Лига на Македонската Еспорт Федерација во Dota2. Лигата е предвидена да се оддржи во три фази односно квалификациска, главна лига и плејоф или лан фаза. Тимовите можат да имаат најмалку пет играчи, а најмногу седум или со други зборови, дозволени се само два резервни играчи. Дозволено е да се има до 2 импорт играчи (без македонско државјанство), но истите не смеат да се пријават како резерви.

Преку квалификациите ќе се селектираат три тима кои ќе ги дополнат останатите пет тима, вкупно осум, кои ќе влезат во лигата директно по основ членови-основачи на МЕСФ и/или остварени успеси на претходните лиги на МЕСФ. Квалификациите се закажни за последниот викенд од месец март односно 28. и 29. со почеток од 12 часот и е онлајн. Оваа фаза е single elimination односно победникот од мечот оди понатаму во квалификациите, а за победници ќе се сметаат првите три најуспешни тима. Пријавувањето е до 28.3 до 11 часот.

Лигата ќе се оддржи во период од девет недели, од кои ќе се игра само седум. Давата викенди се празници и тогаш лигата ќе биде во мирување. Првиот лигашки викенд ќе биде првиот викенд од месец април или 4. и 5. од тој месец, а ќе заврши на 30 и 31. мај и се игра секој викенд освен викендите 18. и 19. април и 2. и 3. мај бидејќи се неработни денови. Оваа фаза ќе биде Round Robin x2 односно секој тим ќе се сретне се секој друг тим во лигата по два пати (дома-гости), а освоените поени од крајот на лигата ќе ги диктираат четирите тима кои ќе продолжат во последната односно лан фаза на оваа лига.

Победникот од лан фазата ќе се смета за репрезентација на Македонија за сите претстојни национални и интернационални натпревари и доколку се обезбедат доволно средства, првиот тим ќе биде испратен во Ејлат, Израел да ја претставува Македонија на Светското Еспорт Првенство оваа година. Четврт финалистите ќе играат за награден фонд од 1000 евра кој ќе се подели 500-300-200 за соодветните освоени места, а наградата од 500 евра за првото место ќе биде доделена доколку МЕСФ не успее да обезбеди средства и услови за претстојните игри во Израел.

Онлајн квалификациите и главниот дел од лигата ќе се одиграат во соработка со Challengermode, односно преку нивниот сервис со претходно соодлветно верификувани и потврдени steam акаунти на играчите.

Сите заинтересирани тимови можат да направај свој тим на страната на Challengermode доколку тоа го немаат сторено до сега и со истиот да се пријават во квалификациите за оваа лига кои се отворени за сите.

МЕСФ посакува многу среќа во претстојаната сезона на сите тимови и нека победи подобриот! GLHF!

ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: https://www.challengermode.com/tournaments/show/7b1688f9-bb6a-ea11-a94c-281878663426

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top