Macedonian e-Sport Federation
en-USmk-MK
Language

Џенифер Лопез влегува во еСпорт индустријата?

Џенифер Лопез влегува во еСпорт индустријата?
Saso
/ Categories: MeSF News

Џенифер Лопез влегува во еСпорт индустријата?

Големиот професионален гејминг тим NRG Esports е речиси готов да склучи договор тежок 15 милиони долари со група инвеститори меѓу кои е и пејачката и актерка Џенифер Лопез. Останатите кои ќе инвестираат во Групата Б се познатите од спортот, Маршан Линч и Мајкал Стран кои се дел од NFL.

Во оваа група на инвеститори се наоѓа и Алекс Родригез, пензиониран играч од New York Yankees, кој веќе има инвестирано во оваа индустриска гранка, па така ова му е негова втора инвестиција со која го зголемува својот влог и добива место во бордот на директори на NRG, вели ESPN.

Други инвеститори кои се дел од овој подвиг се Марлон Бирд, аутфилдерот на Кливленд Индијанс, шефот на работа на Твитер Антони Ното, поседувачот на Сакраменти Кингс Кевин Нејгл, како и многу други. На почеток на годинава во истиот тој тим на инвеститори се има вбројано и NBA ѕвездата, Шекил О'нил.

NRG Еsports  е еден од најголемите и најдобро прочуените во еспортот и натпреварувачкиот гејминг. Групата има тимови кои се натпреваруваат во LoL, CS:GO, Super Smash Bros, Hearthstone, Rocket League и Overwatch. Групата формираше тим за Overwatch вреден 20 милиони долари кој е објавен на интернет.

Print
452

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
«December 2017»
MonTueWedThuFriSatSun
27282930123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
1234567
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top