Интернационалната Еспорт Федерација соопшти дека датите за годинешното 11. по ред Светско Еспорт Првентсво ќе се оддржи од 11 до 15 декември во Сеул, Ј. Кореја.
Преку повеќе од 10. години, Светското Еспорт Првенство го етаблира својот статус како единствено Интернационално Еспорт Светско Првенство базирано на учесници од федерациите на земјите членки.
Со се повеќе растечкиот број на земји членки, кој сега изнесува 54 нации и како резултат на растот, 11. Светско Еспорт Првенство на ИЕСФ е динамично Првенство што е одраз на диверзитетот и присутноста на членките федерации.
Во продолжение тие додаваат дека прв официјален наслов кој ќе се игра годинава е Dota2.
Причината за таквата одлука е универзалната прифатеност на играта. Како аргументи за истото се приложени фактите дека Dota2 е најгледана игра на платформите на Twitch.tv и YouTube Gaming со преку 250.4 милиони часа.
ИЕСФ моментално се во фаза на припреми за годинешниот настан. Тие сеуште преговараат кои други наслови ќе бидат присутни на Првентството во Сеул, Ј. Кореја. Тие во наредниот период ќе се огласат кои се избраните игри веднаш штом ќе завршат преговорите со дивелоперите на истите.