en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

11. Светско Еспорт Првенство има датум, Dota2 прв потврден наслов

11. Светско Еспорт Првенство има датум, Dota2 прв потврден наслов

  • 24 May 2019
11. Светско Еспорт Првенство има датум, Dota2 прв потврден наслов

Интернационалната Еспорт Федерација соопшти дека датите за годинешното 11. по ред Светско Еспорт Првентсво ќе се оддржи од 11 до 15 декември во Сеул, Ј. Кореја.

Преку повеќе од 10. години, Светското Еспорт Првенство го етаблира својот статус како единствено Интернационално Еспорт Светско Првенство базирано на учесници од федерациите на земјите членки. 

Со се повеќе растечкиот број на земји членки, кој сега изнесува 54 нации и како резултат на растот, 11. Светско Еспорт Првенство на ИЕСФ е динамично Првенство што е одраз на диверзитетот и присутноста на членките федерации.

Во продолжение тие додаваат дека прв официјален наслов кој ќе се игра годинава е Dota2. 

Причината за таквата одлука е универзалната прифатеност на играта. Како аргументи за истото се приложени фактите дека Dota2 е најгледана игра на платформите на Twitch.tv и YouTube Gaming со преку 250.4 милиони часа.

ИЕСФ моментално се во фаза на припреми за годинешниот настан. Тие сеуште преговараат кои други наслови ќе бидат присутни на Првентството во Сеул, Ј. Кореја. Тие во наредниот период ќе се огласат кои се избраните игри веднаш штом ќе завршат преговорите со дивелоперите на истите. 

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2019 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top