Macedonian e-Sport Federation
en-USmk-MK
Language

Што точно работат агентите во еСпортот?

Што точно работат агентите во еСпортот?
Saso
/ Categories: MeSF News

Што точно работат агентите во еСпортот?

Некои професионални гејмери најмуваат агенти кои ќе се грижат за нивното брендирање, преговарање на договорите, спонзорските зделки...

Што е тоа агент?

Исто како во традиционалните спортови, агентите се оние кои се грижат за најдобриот интерес на играчите без разлика дали станува збор за спонзорски зделки, раководење со нивниот имиџ или преговарањата на нивните договори.

Агентот најчесто го претставува играчот, раководи со сите техникалии и се грижат за правните работи на својот играч што му овозможува на играчот целосно да се посвети на својата кариера и да даде се од себе во виртуелните арени.

Тие ќе целат да сторат се што можат, а да е во најдобар интерес за својот работодавач и најчесто земаат процент од сите склучени зделки и договори.

Некои агенции можат да се јават и во својство на лични асистенти на играчите, ги менаџираат нивните агенди и распореди како што е резервирањата на соби и раководат со бизнис патувањата. Други пак се грижат за брендот на играчот како и нивниот имиџ како и менаџирање на комерцијалните партнерства.

Добрите агенти им помагаат на играчите во нивната транзиција и прекфалификување кога ќе се решат да ја напуштат оваа област. Исто така можат и да понудат помош и во други елементи од нивниот живот како персонални тренери, раководење со настаните, маркетингот и ПР.

Кои вештини се потребни?

Агентите на играчите треба да имаат добро познавање од областа на преговарањето, да имаат широко познавање на луѓето во својата фела и добри комуникациски вештини. Исто како оние луѓе кои работат во продажба и човечки ресурси, треба да имаат дарба или талент за градење на добри односи со важните инвеститори.

Агентите треба да се добри во продавањето на својот продукт односно самиот играч, покажувајќи на останатите тимови и партнери зошто токму нивниот играч заслужува добра зделка.

Тие често имаат добро познавање на правниот дел од облигационото (договорното) право како и останатите правни полиња кои го засегаат нивниот клиент. Поради ова некои правни фирми имаат свои агенции и нудат застапништво на играчите.

Се разбира агентите треба да имаат добра репутација и познавање на еСпорт индустријата заедно со солиден именик со контакти.

Размислување од типот „outside of the box“ е исто така пожелно бидејќо ќе помага многу во решавањето на новонастанатите проблеми. На пример ако агентот верува дека нивниот играч вреди повеќе него што тимот е спремен да плати, тој може да преговара за негови бонуси за индивидуалните постигнувања и слични работи.

Часови и плата

Агентите најчесто работат без работно време односно цело време за своите клиенти. Фактот што и оваа работа во еСпортот не е со стандардно време на работа значи дека е малку тешко да се стави цена на нивниот труд.

Додека имаме се повеќе агенции кои се појауваат во еСпортот, има и агенти кои се самовработени и кои најверојатно не примаат редовна плата туку функционираат на процент од склучените договори за својот играч.

Во останатите спортови не е невообичаено за агентите да добиваат стотици илјади на парични средства за секој играч кој го претставуваат, а во фудбалот тоа може да достигне и до милиони. еСпортот сеуште не е во тој регион, но сепак повеќе од сигурно е дека расте.

 

Print
293

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top