Macedonian e-Sport Federation
en-USmk-MK
Language

Што значи да сте еСпорт тренер/аналитичар?

Што значи да сте еСпорт тренер/аналитичар?
Saso
/ Categories: MeSF News

Што значи да сте еСпорт тренер/аналитичар?

Позади секој успешен еСпорт тим, има цела „војска“ на луѓе која му помага да тренира и да го даде најдоброто што може. Еве неколку информации за тоа како да станете тренер односно аналитичар и што значи тоа.

Што е тренер?

Исто како кај традиционалните спортови, тренерот му помага на својот тим да тренира против други тимови (scrim) со цел да се подобрат. 

Тие работат доста тесно со својот тим со цел да ги мотивираат, да ги најдат нивните предности и слабости и да бидат сигурни дека тимот игра со полн потенцијал. Тие развиваат стратегии и ги анализираат противничките тимови за да имаат што е можно повеќе победи во својата кариера, без разлика дали се тоа мечеви или натпревари.

As well as teaching the players certain aspects of the game, particularly macro-based decision making, coaches may also be required to resolve conflicts between players and motivate the players to improve, вели Will “FrozenDawn” Burgess, ЛоЛ тренер од ВБ кој соработувал со Schalke 04 Esports.

Од тренерите можно е да биде потребно да ги снимаат мечевите, да ги прегледуваат, да бидат во тек со играта во прашање, да даваат забелешки и да договараат scrims.

Што е аналитичар?

Аналитичарите се експерти во собирањето на информациите што ги преработуваат за да дојдат до некои интересни статистики од кои би научиле нешто, без разлика дали станува збор за одреден тим, организатор на натпревари, продукциска куќа или девелопер.

Тимските аналитичари најчесто се во тесна соработка со тренерите за да создаваат поуспешни стратегии, да ги анализираат предностите и слабостите и да го пренесат сево ова на играчите за да тие можат да го дадат најдоброто од себе. Некогаш се случува една иста личност да биде одговорна за овие две улоги во еден тим. 

Некои компании и девелопери најмуваат аналитичари или статистичари што ќе им водат сметка за фактите, статистиката и останати информации поврзани со нивната игра во текот на една сезона.

Кои вештини ви се потребни

Ви треба одлично познавање на правилата и комплексноста на играта во прашање, а и ќе биде барано од вас да бидите во можност самите вие да ја играте играта на слично ниво како и остатокот од тимот. Треба да водите сметка за сите промени во играта како и што е мета (како професионалците ја играат играта и на кој начин) во моментот, да ги анализирате мечовите од поголемите лиги за да добиете идеи за вашиот тим, да ги посочите предностите и слабостите на вашите играчи и да смислувате нови стратегии.

Тренерите и аналитичарите треба да се во можност да го анализираат противникот, да прават записници од тие информации, да комуницираат со својот тим и да ги користат сите податоци што ги имаат на располагање најефикасно што може.

Од некои тренери се бара да помагаат на менаџерот или сопственикот на тимот во регрутирањето на нови играчи, да го оддржуваат седиштето на тимот, да го следат здравјето на играчите и повеќе.

Кои квалификации се потребни?

 

There are no set qualifications required for such a job. I myself have an Mres in Philosophy

Essentially, to get involved one needs to have the skillset for the role – which includes people management, deep knowledge about the game and communication and teaching skills.

They then to prove to themselves and others that they have this skillset and that their skillset is better than someone else’s. In order to get involved, typically one has to prove themselves to a lower-tier team in the league as they eventually climb to higher-end teams and leagues, FrozenDawn објаснува.

Како да станете добар тренер/аналитичар и четири совети од FrozenDawn

Исто како што е со останатите улоги во еСпортот, конкуренцијата може да биде жестока што значи дека искуството е од најголема важност.

Има многу аматерски еСпорт организации во ВБ, а и во светот, што бараат пристојни тренери и аналитичари.

Можеби нема да се во можност да ви понудат плата, па затоа волонтирањето кај нив во текот на една сезона може да ви биде доста вредно, во поглед на искуство.

Will “FrozenDawn” Burgess  ги нуди следниве совети:

1. Мојот прв совет е секогаш да разбирате што правите и уште поважно ЗОШТО го правите тоа. Да разберете што ве мотивира, колку силно сте спремни да пробате нешто колку време и внимание можете да посветите и колку долго можете тоа да го правите. Ако се погрижите да ги знаете овие работи ќе ви биде полесно да се снајдете во дадена ситуација и ќе можете да избегнете негодување од тимот ако работите тргнат во погрешен правец.

2. Второ, јас би предложил да се фокусирате на јасни цели и постигнувања, не само во улога на тренер туку тоа да го практикувате и за самите вас. Зацртајте некоја поголема цел за вас и вашиот тим, а потоа размислувајте како ќе ја постигнете истата преку помали и полесни цели од неа.

3. Трето, јас би ве советувал да бидете целосно самокритични и рефлективни. Континуирано гледајте наназад на вашиот ден или недела и споредете што сте успеале да постигнете, а што не и што сте направиле добро, а што сте можеле подобро да го изведете. 

4. Никогаш не престанувајте со учењето и надградувањето.

Колку можете да очекувате заработка?

Исто како и останатите улоги во еСпортот, заработката варира, но како за илустрација Team Liquid исплатил 32.000 долари на годишно ниво на својот главен тренер за својот најдобар LoL тим во САД минатата година.

Како професионален тренер и аналитичар, најчесто ќе бидете сместени во просториите на тимот каде оброците и патните трошоци би ви биле платени од организацијата. 

Меѓу помалите, аматерски тимови тренерите може да имаат и волонтерска улога каде ништо не им е платено.

In the UK scene, coaches don’t really get paid, and if they do it’s practically nothing. For example on some teams a split or two ago, coaches were on £100 to £150 a month, вели FrozenDawn.

(Напомена: ова е базирано на информации од пред една година, сега има многу повеќе платени позиции со поголеми плати кај некои одредени организации)

There is a constant threat of being jobless or out of a position with no money, and some people find the public backlash of failure very difficult to deal with.

Also, you don’t have any real idea about the future, for example whether a team is going to progress to the next tier/tournament or not, so life planning is very, very hard, додава FrozenDawn.

Какви се работните часови и кои се предностите на оваа работа?

The hours are entirely dictated by how hard you are willing to try, and other commitments.When I worked with ManaLight, I would wake at 10am, do two hours of academic study, then have lunch, a one hour break then coach League of Legends from about 2pm to 10pm.

Sometimes I would coach for longer, but some days scrims would be cancelled and I would do a few less hours. This is by no means optimal, just what I was able to do, вели тој.

I think everyone who does this, does it because they love it. I myself love playing and coaching, I love the competition, the constant struggle to improve and drive to be the best. Not all jobs can offer this: it is part of being involved in a competition driven-environment.

There is also something to be said for helping players learn and improve and noticing that improvement, from having potential to being great, to seeing them actually perform well on stage.

That is a very special feeling, вели FrozenDawn за предностите на работата.

Воопшто не е лесно да се биде нечиј тренер или аналитичар. Сепак работното место може да ви донесе слава како онаа на играчите и вреди да се проба доколку навистина го сакате тоа.

Во наредното истражување ќе имате шанса да прочитате кои се одговорностите и предностите на еден менаџер на заедница во еСпортот.

Print
286

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top