Macedonian e-Sport Federation
en-USmk-MK
Language

Што е тоа комјунити менаџер во светот на еСпортот?

Што е тоа комјунити менаџер во светот на еСпортот?
Saso
/ Categories: MeSF News

Што е тоа комјунити менаџер во светот на еСпортот?

Воопшто не е тајна тоа што еСпортот ги има најбројните фанови ширум светот, кои знаат да ги ценат оргиналните брендови, имаат доста знаење и познавање и се разбира, се забавни. Сето ова е нешто што добар комјунити менаџер може да го раководи и менаџира.

Што е комјунити менаџер?

Ова е некој кој може да внимава на комјунитито (заедницата на фанови) на одредена игра, еСпорт, организатор на натпревари или било која друга сфера од гејмингот.

Тие често треба да се во интеракција со заедницата во прашање на социјалните мрежи како на пример Твитер, Фејсбук, Снапчат, Инстаграм како и платформи од типот на Јутуб, Редит, блогови, веб страни и форуми.

Овие менаџери се во тесна соработка со ПР и маркетинг тимовите бидејќи најчесто тие што ќе кажат може да влијае на тоа што публиката мисли за одреден бренд или продукт. Поради ова, од нив можно е да биде побарано да пишуваат разни соопштенија за медиумите, да спроведуваат интервјуа и често да објавуваат на социјалните мрежи.

Тие требаат успешно да ги идентификуваат побарувањата и реакциите на публиката и сето тоа да го пренесат на своите тимови.

Кои вештини ви се потребни?

Комјунити менаџерите треба да бидат респонзивни за својата заедница и да ја знаат играта, продуктот и демографијата речиси напамет.

Гејмниг и еСпорт заедниците знаат да бидат доста страствени и гласни, па затоа трпението и разбирањето треба да се едни од појаките карактеристики.

Од нив се бара добро да ги владеат социјалните мрежи, добро да ги знаат гифовите, влоговите и да се во тек со најновите и најдобрите мемиња. Носењето на одлуки е исто така важно односно чива содржина да се сподели или кој твит да се ретвитне.

Вештините за добра комуникација, пишување, видео едитирање и Фотошоп се исто така препорачани. Можеби најважно од се е да се има персоналитет и стил кои што се во синергија со играта или брендот кои се во прашње.

Часови и плата

Оваа улога за разлика од претходните до сега е вистинска осум часовна работа, но кога станува збор за поголемите брендови (особено оние со продукти и услуги) корисниците ќе очекуваат од вас успешно да ја држите тврдината и да сте тука 24/7 за нивните прашања.

Платите варираат, но се очекува за помалите позиции тие да изнесуваат некои 20.000 фунти годишно, додека поискусните можат да заработат нешто помеѓу 25.000 и 35.000 фунти, па и повеќе.

Уште една професија што навидум изгледа лесно, но повеќе од сигурно дека си има своја тежина.

Print
413

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top