en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Успешно завршена втората фаза од Првата Македонска Еспорт Лига. Еве кои тимови се пласираат за финалето

Успешно завршена втората фаза од Првата Македонска Еспорт Лига. Еве кои тимови се пласираат за финалето

  • 7 July 2019
Успешно завршена втората фаза од Првата Македонска Еспорт Лига. Еве кои тимови се пласираат за финалето

Втората фаза од Првата Македонска Еспорт Лига на МЕСФ за Dota2 и CSGO заврши. По долги седум недели и 14 одиграни кола најуспешните тимови испливаа на површината и ќе ја продолжат својата борба понатака во наредната и последна, лан фаза за оваа лига. 

Победничките тимови кои беа дел од CSGO лигата и кои освоија најмногу поени се Vilay Black, Team Entity, Competative.ASWD и Mischievous. За CSGO предвидено е финалето да се игра на крајот од август односно почеток на септември. Тимовите кои успеаа да се дограбат до пласман и да бидат првите четири во табелата во Dota2 лигата се Blade, Ghost Stories, Team Mystique и Entitiy. Финалето за Dota2 е предвидено да се оддржи порано од финалето за CSGO поради претстојните можни припреми за победничкиот тим за Светското Еспорт Првенство на ИЕСФ.



Наградниот фонд на лигата изнесува 1000е од наслов и ќе се додели по основ 500-300-200. Исклучок има само за првото место на двете лиги каде во случај на успешен пласман на победничките тимови на ИЕСФ, победничката екипа односно селекција нема да добие парична награда туку ќе биде испратена да ја претставува Македонија на Светското Еспорт Првенство.

Огромна благодарност до сите оние кои помогнавте да се изведе можеби најтешката фаза во лигата. Продолжуваме понатаму по летото.

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2019 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top