en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Новинарството и content креаторите во еСпортот

Новинарството и content креаторите во еСпортот

  • 12 February 2019
Новинарството и content креаторите во еСпортот

Откривање на нови стории, интервјуирање на играчи и подготвување на стории се секојдневни работи за еден новинар, покрај тоа тука има и одлични услови за стримерите и останатите content креатори.

Што е новинар?

Новинар е некој кој собира и анализира информации за да создаде содржина која е од јавен интерес.

Новинарите можат да пишуваат за многу медиуми, од весници до магазини, радио, ТВ и онлајн медиуми, без разлика дали е текст или видео материјал.

еСпорт новинарите е потребно да пишуваат нови стории, колумни, анализи, мислења и извештаи за мечеви и секако да интервјуираат играчи и останати личности од гејминг индустријата.

Постарите уредници и новинари најчесто се одговорни за селектирање на ударните стории, делење на задачи на разни членови од тимот, редактирање на текстови вклучувајќи и пишување на наслови со кој би се избрал „аголот“ на пристап на темата.

Контактите се доста важни за новинарот. Добрите односи со луѓето во индустријата значат шанса за стории и информации за развојот на текот на настаните пред останатите.

Покрај сево ова, во потрагата за вистината новинарите треба често да балансираат меѓу служење на нивните читатели и објавување на информации кои можат да бидат на штета на некои личности или компании од еСпортот. На пример, доколку има внатрешно недоразбирање во некој еСпорт тим, „крадење“ на играчи или пак се има информации за тоа дека некој меч бил наместен.

Новинарите треба да се сигурни дека секогаш имаат точни и вистинити информации. Пренесување на погрешна сторија може да биде проблематично, особено ако текстот клевети некоја личност или компанија за нелегални работии може да има последици по угледот на новинарот и/или медиумот. Поради ова, одговорност е на новинарот да биде сигурен за тоа што објавува така што ќе ги провери своите факти и извори и ќе изведе темелно истражување.

Тие исто така треба да бидат објективни, да ги пренесат двете страни на приказната, да работат брзо и да не пробиваат рокови.

Што е content креатор?

Оваа улога е доста слична со новинарството со тоа што е помалку фокусирана на информативниот или објективниот дел и е повеќе посветена на забавата.

На пример, бренд или спонзор сакаат да изведат серија на видеа за еСпортот со хумористичен стил. Овие видеа се прават за да привлечат одредена демографска категоријана луѓе отколку некој специфичен вид на читатели.

Содржината тука повеќе е фокусирана на специфична област отколку на пошироката публика.

Други примери за content креатори се интерните писатели на вести на некој тим или дивелопер, како и Јутуберите и стримерите кои работат за себе и прават профит преку донации и заработуваат со пренесување на реклами.

Некои од попознатите еСпорт новинари се Richard Lewis, Philippa Warr, Jacob Wolf и Thiemo Bräutigam.

Како да станете content креатор?

Со разните стримерски платформи како Twitch и YouTube, денес е доста евтино и едноставно да се започне сопствен канал и да се почне со видео продукција.

Можете да почнете и со ваш блог или вебсајт и да се обидете со пишување, на која и да било тема.

Доколку сакате да станете новинар или content креатор со полно работно време за некој медиум или компанија треба да имате претходно искуство. Тоа можете да го добиете со разни волонтирања, а со тоа ќе развиете мрежа на контакти кои ќе ви помогнат да се етаблирате во фелата.

Постојат разни универзитетски курсеви за новинарство, видео продукција и медија што можат да ви дадат предност пред конкуренцијата на пазарот.

Разговарајте со други етаблирани новинари, читајте разни публикации, имајте ваш блог и никогаш не престанувајте да поставувате прашања.

Дали треба да работите за некој или да работите индивидуално?

Како коментаторството, доколку имате потпишано договор со некоја компанија тоа значи дека имате поголема сигурност и редовна плата секој месец, но работењето индивидуално на проекти може да ви даде огромна слобода.

Не е лесно да се работи на проекти, можно е да имате месеци со премногу работа, а може да имате и потивки периоди. Како индивидуален работник најчесто ќе чекате да бидете исплатени и ќе треба сами да водите сметка за данокот на приход или пак да најмите сметководител за тоа.

Колку можете да очекувате да заработите?

Новинарството не е најплатената работа во светот. Според PayScale, новинар заработува просечна плата од 23.825 фунти за една година односно приближно 2000 фунти месечно.

Испитувања во 2016 година утврдиле дека просечните новинарски плати во еСпортот се 22.000 фунти, писателите во индустријата имаат просечна плата од 18.500 фунти и видео продуцерите заработуваат 23.000 фунти за една година. Основните позиции за сите овие професии најчесто се исплатени со не повеќе од 14.000 фунти годишно.

Како и да е, повисоките функции носат од 25.000 до 40.000 фунти, па дури и повеќе за една година, во зависност од искуството. Етаблираните индивидуални работници можат да наплаќаат повисока цена како на пример 100 фунти за некоја помала објава на блог или 300 фунти, па и повеќе за подолг, детален артикл.

Има и други придобивки во новинарството, а кои не се плата. Најчесто би имале пристап во бекстејџот на сцените на настаните, ќе интервјуирате славни личности и топ еСпорт играчи, а како што ќе ви расте рејтингот така ќе бидете канети на радио или ТВ емисии и слично.

Во поглед на стримерите и јутуберите, за нив само небото е граница. Британскиот LoL стример,  Ali “Gross Gore” Larsen, заработил повеќе од 100.000 фунти од донации на Twitch во 2015 година, додека јутуберот KSI и PweDiePie се веќе милионери. Имајте на ум дека овие content креатори произвеле видеа кои биле прегледани милиони пати.

Какви се работните часови?

Улогите на новинарството и content креаторите најчесто се состојат од основни 40 работни часа за една недела, но можно е да се работи многу повеќе, особено ако има некој специфичен настан или вест која мора да биде обработена за време на викенд или пладне, сето тоа под притисок на рокови кои треба да бидат исполнети. Ако работите на проекти и ако имате доста работа, паузите ќе ви бидат доста ретки.

 

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2019 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top