en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

„Најбогати“ еспортови за 2019

„Најбогати“ еспортови за 2019

  • 14 January 2020
„Најбогати“ еспортови за 2019

Старата 2019 година беше неверојатна за еспортот како екосистем кој доживеа раст имајќи преку 4000 натпревари кои вкупно вредеа 211м американски долари во вид на награден фонд. Овие 211м кои до сега се исплатени за 2019 година се со 29% пораст од наградниот фонд за 2018 година кој изнесуваше 163м американски долари.

Имаше и рушење на рекорди во 2019 година. The International 2019, најголемиот натпревар за Dota2, успеа да награди 34м американски долари, што воедно е и рекорд во историјата на еспортот. Овој настан исто така ги престигна и двата настани кои течеа во тандем на Fortnite и исплатија 30м одделно.

Оваа година „големата четворка“ успеа да го задржи своето место во топ 10 листата исто како да е обврска за нив. Сепак на оваа листа забележавме како три од таа четворка повеќе или помалку ги задржаа своите позиции, но имаме нов бр. 1.

Почнуваме со топ 10 листата за најнаградни еспорт наслови за 2019 година.

Бр. 1 -Rainbow Six Siege – $4.10M (2018: Бр. 14, $1.9M)

Овој тактички шутер објавен од Ubisoft и базиран на новелите на Tom Clancy кои го носат истото име се наоѓа на оваа топ 10 листа за прв пат затоа што наградниот фонд речиси се удвои во про лигата од 162м на  292м американски долари во 2019 година. Како и да е, најголемиот товар од сите натпревари го понесе Six Invitational кој се оддржа од 11. до 17. февруари во Монтреал и имаше награден фонд од 2м американски долари.

Rainbow Six направи огромни напори за својата еспорт популарност качувајќи се од 24. место на листата на исплатени награди на одличното 10. место за само една година.

Бр. 9 - Arena of Valor – $5.80M (2018: Бр. 8, $5.1M)

По текот на уште една година, Arena of Valor која е 5v5 multiplayer online battle arena (MOBA) од Tencent, го задржува своето место во топ 10 листата.

Оваа мобилна игра забележа сериозен раст во поглед на наградниот фонд за нејзините натпреварувања. The King Pro League Spring Tournament вложи 1.3м американски долари, додека Honor of Kings World Championship Cup може да се пофали со 2м американски долари награден фонд за 2019 година.

Покрај тоа што мобилните игри се доста популарни во Југоисточна Азија, сосема е поинаква сликата на западната хемисфера. На почетокот на 2019 година имаше шпекулации дека Tencent ќе ја откаже поддршката за Северна Америка и Европа поради недостатокот на играчи за разлика од другите региони. Сега за сега тоа не е случајот, но е нешто што дефинитивно може да се случи во новата 2020 година.

Бр. 8 - Call of Duty – $6.51M* (2018: Бр. 25, $640K)

Call of Duty World League беше во суштина патувачки натпревар со лиги во САД, Европа и Азија кој распредели награден фонд на тимовите во зависност од нивниот успех на истите.

Покрај тоа што на овој начин сте сигурни дека тимовите се исплатени, големите пари дојдоа од CWL Championship со 2м и CWL Pro League Finals тешки 1.2м американски долари како наградни фондови.

Со новата франшизирана Call of Duty League која ќе биде лансирана од Activision Blizzard оваа година и ќе донесе со себе награден фонд од 6м американски долари може овој наслов да го искачат повисоко во 2020 година.

*Вкупните добивки се пресметани со комбинирање на Call of Duty: Black Ops 4 и Call of Duty: Modern Warfare.

Бр.7 - Magic: The Gathering – $8.89M (2018: Бр. 42, $200K)

Во 2019 година видовме и лансирање на Magic: The Gathering Arena - дигитална верзија 25. години старата игра со карти со модерни визуелни елементи и free-to-play дизајн како и комплетно реновирање на компететивната структура на Magic.

За прв пат Wizards of the Coast и нејзината фирма мајка Hasbro посветија неколку милиони во компетативниот Magic, вклучувајќи го дигиталниот продукт во структурата на натпреварувањето заедно со tabletop натпреварувањата, покрај тоа што ласираа и нова лига фокусирана на Arena.

Заедно со новиот формат и свежиот кеш кои се обезбедија за оваа сцена, Arena значително го зголеми бројот на еспорт гледачите на Magic на Twitch. Со поддршка на голем произведувач на играчки и повеќе гледан дигитален продукт, иднината на Magic никогаш не била посветла.

*Magic е уникатна меѓу еспортовите со тоа што нејзината компетативна средина го дели екосистемот со идентична физичка игра, што значи дека истите играчи се натпреваруваат како во дигиталните боишта така и на tabletop натпреварувањата на начин што тие се квалификуваат за едниот вид на настан според резултатите постигнати на другиот вид на настан. Како таква, двоењето на наградниот фонд доделен од Wizards of the Coast и Hasbro за Arena од физичката игра нема да даде јасна слика за еспорт стратегијата на оваа компанија. Поради тоа, ова рангирање ги брои вкупниот број на наградени пари од Wizards of the Coast ширум сите верзии на Magic во 2019 година.

Бр. 6 - League of Legends – $9.02M (2018: Бр. 4, $14.5M)

Првата од „големата четворка“ продолжува да вирее. Дури и со награден фонд што е третиот најмал во историјата на овој наслов, најголемиот беше 6.4м американски долари во 2018 година, LoL бележи само мал пад во рангирањето од минатогодишното 4. место.

The League of Legends World Championship 2019 постави рекорд на Twitch за најгледаност со врв од 1.7м гледачи покрај тоа што финалињата се оддржаа во Парис каде што северноамериканската публика требаше да биде будна во 4 часот наутро за да може да ги следи.

Всушност, по анализирање на бројките, оваа игра по се изгледа дека има растечки број на играчи како што Riot продолжува да го шири својот универзум со концепти како што се Riot Forge, новата дивизија на Riot, која ќе соработува со издавачи од трета страна кои ќе дизајнираат и креираат игри кои ќе го подобрат и прошират League of Legends универзумот.

Минатиот октомври, кога се славеше десет годишнината на League of Legends, Riot објави неколку работи меѓу кои и фактот дека тие работат на анимирана ТВ серија и action RPG поставена во LoL универзумот.

Најголемата најава беше тоа што Riot ќе направи мобилна верзија на League of Legends и на Teamfight Tactics што најверојатно ќе примами дополнително публика и играчи за оваа издавачка куќа. Од таму потврдија дека се спрема и еспорт поддршка за Teamfight Tactics во 2020 година, па така дури и ако наградниот фонд за League of Legends нема да порасне, севкупната поддршка на Riot за оваа игра бележи позитивен тренд.

Бр. 5 - Overwatch – $9.11M (2018: Бр. 6, $6.6M)

Втората од „големата четворка“ исто така влегува во топ 10 листата и е речиси на истата позиција две години по ред.

Blizzard додаде по 200.000 американски долари по фаза во 2019 и речиси повеќе од двојно го зголеми наградниот фонд од 2018 година на 3.5м американски долари во 2019 година. Сетоа ова е одлично, но најголемиот акцент падна минатогодишната Contenders League што во суштина е помала лига на top-tier тимовите на Overwatch лигата.

Во Кина, созоните 1 и 2 забележаа 500.000 американски долари во исплата, додека севеноамериканската, јужноамериканската и европската лига кобинирано имаа 1.6м награден фонд.

Оваа е последна година каде што ќе можете да ја видите Overwatch на оваа листа бидејќи лигата мигрираше на Overwatch 2, наредното продолжение на оваа приказна на Blizzard.

Бр. 4 - PLAYERUNKNOWN’S BATTLEGROUNDS – $12.71M (2018: Бр. 5, $7.7M)

Battle Royale жанрот не разочара во 2019 година благодарејќи на нивните огромни напори да ја анимираат гејминг и еспорт средината. Минатата година PUBG Corporation, која е ќерка на јужнокорејската компанија за видео игри Krafton Game Union, го оформи PUBG Global Championship со награден фонд од 5.9м американски долари.

PUBG Global Championship беше последниот настан на 2019 World Championship кој ги имаше 32. најдобри тима во светот кои се натпреваруваа за најголемиот дел од 5.9м американски долари. Финалето се оддржа во Oakland Arena, Оукленд, Калифорнија.

Новата 2020 година ветува дека ќе биде доста интересна бидејќи лигата објави дека ќе има три големи настани во живо кои ќе го дополнат следниот Global Championship.

Бр. 3 - Counter-Strike: Global Offensive – $21.1M (2018: Бр. 2, $22.6M)

CSGO бележи пад за само едно место и награден фонд од 3м американски долари на третото место од „големата четворка“, но продолжува да биде дел од основата на еспортот ширум светот.

Една од причините за пад од едно место на оваа листа е фактот што за разлика од лани, дури 200 натпревари помалку се оддржаа оваа година.

Премиер натпреварите беа речиси еднакви во поглед на награден фонд, но тоа што се оддржа 200 помалку натпревари нормално си има своја цена.

CSGO во моментот е на одлична позиција, покрај растечкиот број на критики за одредената графичка содржина (дамки од крв) и тоа дека секогаш една од страните се обидува да детонира бомба.

Овие работи не се некоја пречка за новите тимови кои се приклучуваат на овој наслов како организации од калибарот на GEN.G, OG и останати кои се придружија на CSGO забавата со сопствени тимови.

Бр. 2 - Dota 2 – $46.7M (2018: Бр. 1, $41.4M)

Последната од нашата „голема четворка“ го држи рекордот за најголем награден фонд за еден настан во историјата на еспортот вреден 34м американски долари, што е подобрен од лани и бележи сигурни 13% раст на наградниот фонд од година в година.

Dota2 ја имаше најдобрата своја година до сега во поглед на гледаност, a TI9 беше нагледаниот настан во историјата на Dota2.

Според начинот на кој работи овој екосистем на еспортот, powerhouse-от на Valve беше узурпиран од првото место само поради маркетинг кампањата на една игра што вклучуваше вбризгување на пари што до сега ниту еден наслов немаше видено за една година

Бр. 1 - Fortnite – $64.42M (2018: Бр. 3, $20M)

Минатата година воопшто не беше предизвик за Fortnite. Кога издавачите објавија минатиот мај дека ќе одвојат 100м американски долари како наградеn фонд, речиси сите еспорт организации ширум светот направија Fortnite тим и тоа оправдано.

Секој тим сакаше да земе дел од 30м американски долари што Epic вети дека ќе ги исплати на начин што организираше четири различни натпревари во текот на четири дена на стадионот New York’s Arthur Ashe. Настанот, што траеше  од 26-28 јуни, доби победник односно 16. годишниот Kyle “Bugha” Giersdorf кој си замина дома со 3м американски долари бидејќи беше победник на соло настанот.

Во прилог на World Cup, Epic одвои милиони за разни натпревари како што се World Cup qualifiers, the Fortnite Champion Series, разни Skirmish Series, Twitchcon events и многу други.

Покрај тоа што се наоѓаа на првото место со преку 17м американски долари, Fortnite го комплетираше 15м награден фонд на Winter Royale Duos на крајот од декември и не покажува никакви знаци на намалување на наградните фондови во иднина.

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top