Macedonian e-Sport Federation
en-USmk-MK
Language

Милионите го претворија омиленото хоби во професионален спорт!

Милионите го претворија омиленото хоби во професионален спорт!
Saso
/ Categories: MeSF News

Милионите го претворија омиленото хоби во професионален спорт!

Брзиот подем, растечката популарност и финансискиот потенцијал, придонесуваат е-спортот (играњето видеоигри), од хоби да прерасне во професионален спорт. Ваквата појава се забележува преку учеството на голем број постојни спортски клубови во натпреварувањата во е-спорт, кои наскоро би можеле да се најдат и на Летните олимписки игри.
Кошаркарскиот клуб Партизан од Белград неодамна влезе во е-спортот, со основањето на тим за „League Of Legends“, кој ќе се натпреварува во „Championship Series“, како едно од првите спортски друштва од овие простори што реши да го следи популарниот тренд. Белграѓани на тој начин се најдоа во друштво на клубовите што влегоа во е-спортот, меѓу кои се фудбалските клубови Paris Saint Germain, Manchester City, Ajax, Wolfsburg, кошаркарските Philadelphia Seventy Sixers, Sacramento Kings, Boston Celtics, од американскиот фудбал Dallas Kauboy, од хокејот Boston Bruins...

 Партизан, еден од најголемите балкански спортски клубови, влезе во eспорт-индустријата, а овој потег е долгоочекуван, со оглед на тоа дека бев во контакт со луѓе што беа поврзани со неговата реализација. Првичните информации беа дека Партизан ќе влезе во еспорт-индустријата во почетокот на 2016 година, но тоа, сепак, се одложи досега. Тимот што ќе го претставува Партизан е многу квалитетен и се очекува да постигне добри резултати - вели Мартин Моралиќ, поранешен професионален играч на „Дота 2“ и директор на компанија што врши посреднички и консалтинг-услуги за еспорт-индустријата.

Во повеќе држави е-спортот има професионален статус, бројот на спортските клубови што учествуваат постојано расте, исто како и инвестициите што се мултимилионски. Вредноста на еспорт-индустријата наскоро се очекува да надмине една милијарда долари.

 

Print
267

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
«December 2017»
MonTueWedThuFriSatSun
27282930123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
1234567
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2017 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top