en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Македонците од ТRTRR се новиот тим на QSKE Gaming

Македонците од ТRTRR се новиот тим на QSKE Gaming

  • 15 April 2020
Македонците од ТRTRR се новиот тим на QSKE Gaming

Веднаш по распаѓањето на нивниот тим од пред неколку дена, хрватската еспорт организација се враќа на CSGO сцената со нов ростер, но интересното за тоа е што станува збор за вицешампионите од четвртата сезона на CSadria Clan Championship, TRTRR.

Стариот тим на QSKE имаше доста промени изминатите неколку турнири. Стефан „SkippeR“ Ребрача и Иван „ptKKK“ Попов одиграа неколку меча за тимот, додека Матија „Bustem“ Омерцел беше посветен на мечевите на Clan Championship. Сепак, неговиот труд беше за ништо бидејќи заврши неславно за тимот на QSKE кој заврши на третото место, а по тоа и престанаа да играат во тој состав. Овој тим во основа од пред неколку дена не постоеше, а сега успеаа да се осигураат дека македонскиот TRTRR како нивни тим.

Екипата на Јасмин „JasmiN“ Муриќ се покажа како одлична во плејофот на CSadria Clan Championship. По поразот од поранешните QSKE Gaming на првиот ден од турнирот, Македонците успеаа да се вратат назад во игра и издвоија победа над GamerS1337 во првото коло на lower bracket-от.

Одличната форма на Кристијан „KiKOtB“ Стојмановски продолжи и во реваншот против QSKE каде TRTRR осигураа победа од 2:0, елиминирајќиги ги Крунослав „Salted“ Каталиниќ и негиовиот тим од турнирот. TRTRR во финалето изгубија, но Јасмин заслужено ја доби MVP наградата за CSadria Clan Championship.

Новиот тим на QSKE наскоро ќе почнат да играат на ESEA Open мечеви кои ќе можете да ги пратите на Twitch каналот на QSKE Gaming, а играчите се спремаат се спремаат за идните регионални и европски лиги.

Новиот список на играчи на QSKE Gaming изгледа вака:

 Кристијан “KiKOtB” Стојмановски
 Јане “-aidKiT” Апостолоски
 Валентин “powerdy” Дурацоски
 Јасмин “JasmiN” Муриќ
 Дамјан“kyxsan” Стоилковски

Извор: csadria.org

Print
Categories: MeSF News
Tags:

Search

Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top