Macedonian e-Sport Federation
en-USmk-MK
Language

Македонската еСпорт Федерација стапува во партнерство со Fortuna Esports за унапредување на Националните еСпорт Лиги

Македонската еСпорт Федерација стапува во партнерство со Fortuna Esports за унапредување на Националните еСпорт Лиги
Saso
/ Categories: MeSF News

Македонската еСпорт Федерација стапува во партнерство со Fortuna Esports за унапредување на Националните еСпорт Лиги

По најавата за воспоставувањето на Национални еСпорт Лиги во Србија, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, системот NEL доаѓа и во Македонија.

Македонската еСпорт Федерација (МЕСФ) во соработка со Фортуна ќе биде задолжена за организирање и промоција на натпревари во Македонија. Мало потсетување дека преку системот на NEL, на играчите на League of Legends им се отвара патот до eSport Balkan League и EU Masters.

МЕСФ е клучен актер во развојот на еСпортот во Македонија уште од 2009 година со повеќе од 10 настапи на меѓународни настани. Цели на Федерацијата се официјализирање на еСпортот, развој на систем кој ќе се фокусира на играчите и промоција на најдобрите играчи во светот.

МЕСФ е член на IESF (International eSport Federation) од 2013 година, а од оваа година ќе стане и член основач на Европската еСпорт Федерација.

Преку развојот на националните аматерски натпревари, целите на Федерацијата се прошија на воспоставување на средношколска лига како и допринос во воведување на образовен систем во еСпортот. МЕСФ  е организатор на Национални еСпорт Лиги во League of Legends, Counter Strike: CSGO и Dota2 уште од 2015 година.

Ова е огромна шанса за МЕСФ да соработува со пријателска и соседна организација и заеднички да делува на подигнување на свеста за тоа дека еСпортот е спорт. МЕСФ неуморно работи на тоа играчите и тимовите да ги добијат должните заслуги и за тоа дека истите тие се важен дел од ова друштво. Бројот на гејмери постојано расте, па затоа потребно е да се направи вистинска структура и систем кои би се бавеле со нив. Партнерството со Фортуна и Challengermode нам ќе ни донесе доста важен know-how кој е неопходен за унапредување на нашиот систем и прилика за нашите играчи да се појават на меѓународни натпревари, изјавува Бобан Тотовски, претседател на Македонската еСпорт Федерација. 

Особено нас ни е драго што интересот за системот на NEL се шири и дека веќе во наредната EBL сезона ќе имаме барем пет Нацонални Лиги кои ќе ги крунисаат своите шампиони. Имајќи на ум дека нашата цел беше да воспоставиме четири организации во NEL во оваа фаза, можеме да заклучиме дека со ова партнерство целта е постигната и надмината. МЕСФ е повеќе од сигурно дека е најактивната организација во својата земја и зад нив стојат голем број на успешни натпревари, па затоа сме многу задоволни што го најдовме вистинскиот партнер кој ќе ни помогне во овој проект, вели Михајло Џарил, директор на Fortuna Esports.

Најдобрите шест екипи ќе учествуваат во првата сезона, од кои две екипи ќе добијат директна покана по основ на своите претходни национални успеси.

Македонската Национална еСпорт Лига во League of Legends ќе се одвива со следниов распоред:

14 април - онланј квалификации (неограничен број на екипи)
21, 23, 25 април и 3, 5 мај - денови на лига (шест екипи)
11 и 12 мај - плејоф (најдобрите четири екипи)

Учеството на квалификациите е бесплатно, а вкупниот награден фонд ќе изнесува 500 евра.

Лигата ќе се игра по принцип секој со секого, два пати (round robin x2) и се играат по два меча во еден ден.

Целокупниот плејоф ќе биде пренесуван директно на каналот Sport Klub. Полуфиналињата се играат во сабота, додека големото финале е закажано за в недела. Сите мечеви се BO5 и не постои меч за трето место.

Print
871

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top