Macedonian e-Sport Federation
en-USmk-MK
Language

Македонија има нова репрезентација во Dota2

Македонија има нова репрезентација во Dota2
Saso
/ Categories: MeSF News

Македонија има нова репрезентација во Dota2

Како дел од годишната програма, Првата Македонска Еспорт Лига доби нов шампион во Dota2 за 2019 година. Лигата се состоеше од три фази односно квалификациска, лигашка и лан или финална фаза. Тимот на Ghost Stories успеа да прелета низ сите овие фази и позитивно да одговори на секој нивни предизвик освојувајќи го првото место поставувајќи се себе си како репрезентација за 2019 година.

Од вкупно осум тима кои беа дел од лигашката фаза, Ghost Stories, Entity, Team Mystique и Blade беа оние кои стигнаа до лан фазата. Низ исцрпните мечеви кои што тимовите ги играа во полуфиналето во формат на 1-4 и 2-3 како финалисти завршија Ghost Stories и Entity. Малото финале беше резервирано за Team Mystique и Blade каде во нивниот дуел сервираа огромна забава, а победник беше тимот на Team Mystique. Финалето беше меѓу Ghost Stories и Entity каде борбата за првото место беше навистина жустра. По два добиени меча, од можни три, како победник излезе Ghost Stories кои беа поздравени како од присутните така и од гледачите на Twitch каналот на МЕСФ за Dota2. 

Новата репрезентација на Македонија во Dota2 во претстојниот период ја чека неколку пријателски меча со останатите земји членки во ИЕСФ. Овие мечеви се воедно и припрема за тимот и Македонија за 11. Светско Еспорт Првеноство што ќе се случи во Сеул, Ј. Кореја. 



Како дел од програмата за оваа година имаме предвидено лан или финална фаза за лигата во Counter Strika: Global Offensive што е предвидено да се случи во втората половина на месец септември.

Огромни честитки до првите три тима во Dota2 лигата и ви посакувам емногу успех во вашата Еспорт кариера.

Print
1114

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top