Macedonian e-Sport Federation
en-USmk-MK
Language

Која е работата на продуцентите во еСпортот?

Која е работата на продуцентите во еСпортот?
Saso
/ Categories: MeSF News

Која е работата на продуцентите во еСпортот?

Секој добар еСпорт настан треба да има тим на „кревачи на прашина“ позади нивните сцени кои ќе ги влечат конците. Еве што треба да знаете за нив...

Што работат продуцентите?

Луѓето во одделот продукција и емитување за време на еден еСпорт настан имаат широк спектар на обврски, од ракување со светлото и камерите до обезбедување на техникалиите дека се без грешки односно екраните/проекторите/звучниците и сето тоа да го прават по добро утврден ред и распоред.

Екипата задолжена со видео материјалите можеби ќе има потреба да ги снима сите дополнителни интервјуа пред самиот настан и да ги вклопи во истиот.

Некои еСпорт студија може да имаат свои или посветени простории за ваквите работници за да можат непречено да работат.

Тие треба да се погрижат дека се е прикажано на екраните како што треба, вклучувајќи го и звукот, преносот во живо, кадрите од камерите како и да бидат сигурни дека микрофоните на коментаторите (кастерите) и нивните гости работат правилно.

Кои вештини се потребни?

Одлични познавања од областа на техниката се повеќе од потребни, како и знаење како шоуто да не сопре без разлика на било што. 

Има многу видео продукциски, емитувачки и курсеви за камера достапни што можат да ве снабдат со вештините за да работите зад сцените за време на овие еСпорт настани. Многу ТВ и филмски продукциски курсеви можат да ви дадат вештини кои многу лесно ќе можете да ги примените во еСпортот.

Добри организациски вештини се исто толку важни како и да обрнувате внимание на најмалите детали и да имате креативно размислување за да можете да носите „outside-the-box“ одлуки во даден момент. Можно е да треба работите брзо и ефикасно под огромен притисок. 

Како да дојдете до ова работно место?

Можно е да ви се понуди шанса да волонтирате како дел од екипата зад сцената на некој еСпорт настан и да „земете“ некои од потребните вештини за оваа работа.

Искористете го искуството да откриете што е важно за правење на вистинските контакти, што може да ви донесе повеќе и подобра работа во иднина. 

Постојат многу големи ТВ станици и продукции што нудат работа која носи големо искуство во оваа област, асистентски позиции и ред други поволности кои можат да ве однесат на правиот пат.

Работни часови и плата

Платата и работните часови варираат. Некои од организаторите на натпреварите можно е да имаат своја продукциска екипа која има утврдена плата, додека други се решаваат да најмат незвисни работници или компании кои ги нудат тие услуги. Тие најчесто се исплатени во дневници.

Според National Skills Service почетниците можат да заработат од 15 до 18 илјади фунти годишно, додека поискусните во ова поле можат да достигнат цена од 20 до 25 илјади фунти годишно, па и повеќе. Имајте на ум дека овие бројки се однесуваат општо за продукциските работни места, а не конкретно за еСпорт сцената.

Работните часови зависат од самиот настан, можно е да има некои порани почнувања со работа, попладневни и викенд смени. Со толку многу еСпорт настани денес ширум светот, доколку се согласите да работите ваква работа бидете подготвени да бидете постојано на пат од место на место.

Print
478

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top