Macedonian e-Sport Federation
en-USmk-MK
Language

Добредојде за три нови нации во семејството на IESF

Добредојде за три нови нации во семејството на IESF
Saso
/ Categories: MeSF News

Добредојде за три нови нации во семејството на IESF

Нашето глобално гејмерско семејство се зголемува за три нови членови на официјално ниво. Станува збор за државите Белорусија (Belorusian eSport Federation, BeSF), Либан (eSports Lebanon) и Саудиска Арабија (Saudi Arabian Federation for Electronic & Intellectual Sport, SAFEIS) кои пристапија на IESF во декември, минатата година и вкупниот број на држави-членки сега брои 46.

На состанок на бордот на IESF кој се оддржа на 13. декемви 2017 година, трите организации кои добија зелено светло за пристап од страна на членовите на бордот официјално беа признаени од Интернационалната еСпорт Федерација и ќе можат да се поистоветуваат во иднина со истата и со нејзините останати членови. Па затоа, на овие три федерации им се дава правото да учествуваат на наредните Светски првенства кои се организираат од страна на IESF и им се доделува правото да бидат дел од наредниот Генерален Состанок на Федерацијата кој ќе се случи за време на еСпорт Светското првенство оваа година.

Членството на IESF е поделено на три категории: целосно, соработничко и членство како огранок. Само оние кои се акредитирани од IESF како Национални Федерации во секоја од земјите можат да се стекнат со целосно односно со соработничко членство. Соработничкото членство се оценува преку целата година и може дополнително да се расправа за истото кога ќе се поднесе апликација. Статусот на целосно членство се разгледнува на годишно ниво, и тоа за време на Генералниот Состанок на IESF.

Македонија стана членка на оваа организација во 2013 година и е со статус на целосна земја членка. До сега како држава сме пратиле претставници на последните две Светски првенства на IESF, каде од година во година бележиме се поголем успех со надеж дека овој тренд ќе не прати во 2018 година.

Од декември 2017 година, бројот на држави-членки на IESF брои купно 46. Од овие, 21 членка се од Азија, 17 се од Европа, 4 нации се од Африка и по две од Америка и Океанија. Меѓу овие членки само 24 се одобрени од нивните Национални Олимписки Комитети и институциите за Национален Спорт.

Print
1094

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2018 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top