Macedonian e-Sport Federation
en-USmk-MK
Language

Дали сте спремни да бидете сопственик?

Дали сте спремни да бидете сопственик?
Saso
/ Categories: MeSF News

Дали сте спремни да бидете сопственик?

Водењето на сопствен тим или компанија бара особена посветеност, но исто така може да биде и доста наградувачко искуство.

Што работат сопствениците?

Тие се грижат за сите аспекти за тоа како нивната еСпорт организација работи. Тоа вклучува најмување на вработени, носење на одлуки за тоа на кој настан или натпревар да се учествува, компаниската етика и правец, брендирањето, маркетингот, бизнис стратегијата, исплатата на платите, работењето со различните сметки, партнерствата и уште многу работи.

Додека сопственикот не работи секој ден на сите овие аспекти, тој или таа може да има вработени кои ќе му ги водат истите, тие сепак го имаат последниот збор во сите одлуки со што ќе се обликува и формира компанијата.

Кои вештини ви се потребни?

Сопствениците на еСпорт организациите се често добри претприемачи, се амбициозни и креативни.

Секогаш треба да се еден чекор пред останатите, да ги препознаваат новите трендови и да бидат сигурни дека нивната организација ќе жнее само успеси.

Некои од нив ќе ви кажат дека победите се сè и даваат предност на резултатите пред самиот бизнис, додека други се фокусираат на уникатна етика и стил или пак ги вреднуваат своите фанови најмногу од било што.

Без разлика кој правец вашата организација би го имала, треба да имате добар бизнис сенс, одлична комуникација како и добри човечки вештини и добра мотивација. Воопшто не е лесно да се успее во еСпортот каде сте во постојана борба со одлично поставени гиганти од фирми со многу поголем буџет од вашиот.

Совети од Fnatic за младите сопственици и менаџери

It’s one of those things – it’s all about being professional these days and not promising the world. It’s about delivering on your promisesизјавува за BESA oсновачот на Fnatic, Sam Mathews (главна слика).

One of the things we pride ourselves on is actually being true to our players, not overpromising, delivering against our expectation and then hustling. You’ve got to hustle to get sponsors these days.

Realistically, to enter the big leagues of top-tier teams, it’s about signing some great talent and almost becoming a management group for them.

For us, it’s been a long road to get where we are and there’s been a lot of challenges. It’s still a competitive landscape with money coming in that we have to compete against, but I think that in joining esports now, you’re riding a wave. And it’s going to get better and it’s going to get bigger, објаснува Sam.

На што да внимавате во еСпортот?

Со се повеќе клубови од традиционалните спортови што формираат свој или купуваат друг еСпорт тим се менува изгледот на еСпортот, а сето ова знаење се исплати ако сакате да изградите здрав тим.

It’s very malleable, it’s going to be very different [in the future]. We can’t necessarily predict exactly how it’s going to be, советува Sam.

I definitely think the authentic esports brands will still be here, whether they’ve merged with sports teams or whether they’re still independent. That really comes down to the founding team and the management behind them.

I think a good example of a company which has brought in some great expertise and done an interesting structure is Team Liquid and Peter Guber. They’ve obviously got a lot of sports experience and are well respected sports people.

And then at the same time, a group of esports entrepreneurs that know what they’re doing.

The European mentality of teams taking control of their own Esports brands, I’m not sure about. I think there needs to be a level of entrepreneurship by the upper top-down people that manage these teams. And ultimately when you bring in a gun for hire to manage your esports team, it’s not always going to result in success, compared to the other team such as Fnatic, where we have a lot of partners and companies that have bought into what we’re doing as a business, објаснува тој.

Работно време и плата

Само небото е граница, буквално. Ако се решите на овој чекор, тоа може да ви стане вашиот живот. Ако ги погледнете животите на другите сопственици ќе видите дека тие се 110% оддадени на својата работа и повеќе од очигледно е дека уживаат во истата.

Ако создадете успешен тим, можете да го продадете на поголем купувач или да го задржите и создадете вистински еСпорт ѕвер. Како што напоменавме, само небото е граница, најдобрите тимови вредат милиони, но е навистина тешко да се допре тој врв, а уште потешко да се задржи.

Print
990

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
Terms Of UsePrivacy StatementCopyright 2019 by SoftAGE DOOEL Skopje
Back To Top