en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Што значи да сте админ/судија во светот на еСпортот?

  • 25 May 2020
Што значи да сте админ/судија во светот на еСпортот?

Што е tournament admin?
Админите (или судии во еСпортот) го запишуваат резултатот од секој меч, се грижат играчите да играат по пропишаните правила и ги санкционираат доколку некој од нив се реши да ги прекриши. Тие често треба да комуницираат со тимовите со цел да решат било каков потенцијален проблем или конфликт, ги следат брекетите за тој натпревар и нудат било каква помош за заедницата (комјунитито) доколку има потреба од тоа. За време на натпреварите во живо, на пример LAN настаните, админите најчето внимаваат на тимовите, ги следат мечевтите и се грижат сите правила да се испочитувани. Примери за ова се да бидат сигурни дека играчите имаат соодветни слушалки што ја намалуваат надворешната бучава (noise cancelling) и дека не мамат во играта што ја играат. Од нив може да биде побарано да помогнат на играчите да се подготват на своите позиции пред секој меч, да ги тестираат серверите, да се погрижат за пријавените играчи односно генерално да обезбедат правилен и мирен тек на настаните што е можно подобро. Ова значи дека треба доста да се соработува и комуницира со тимовите и да се погрижте дека тие се на време на своите позиции и спремни за игра пред самиот меч. Админите се одговорни со решавање на било каков проблем in-game или на самата сцена, на пример ако некој од компјутерите „замрзне“ или се скрши тастатура за време на меч. Поради ова тие мораат да ја познаваат добро играта и нејзините правила за време на натпреварите со цел да се избегнат било какви контроверзии и нефер одлуки. Тие исто така настојуваат паузите и одлагањата да бидат сведени на минимум.

Какви вештини ви требаат?
Комуникациските вештни се повеќе од потребни. Одличен пример за ова е кога на некој тим треба да му пренесете дека се дисквалификувани, што воопшто не е лесна работа и тоа треба да се случи на најможен добар начин за да се избегнат било какви ескалации на целата ситуација. Покрај добрите комуникациски вештни треба да сте цело време будни и да можете да го решите секој проблем брзо, ефикасно и професионално. Како што спомнавме претходно, ќе ви треба темелно знаење на правилата на играта како и правилата на самиот натпревар од кој сте дел. Покрај ова треба да го знаете добро софтверот или вебсајтот за брекети за да можете точно да го ажурирате за време на настанот. За жал мамењето и местењето на мечевите сеуште е реална работа во еСпортот, па затоа админите имаат потреба константно да се надградуваат со нови знаења околу софтверите за мамење за да можат навремено да ги препознаат и соодветно да реагираат.

Како да станете админ?
Јуниорските позиции се одличен начин да влезете во овие води со една нога. Организаторите на помалите натпревари секогаш бараат волонтери на испомош, а вашето пријавување може да биде правилен чекор кон вредното искуство и напредување во оваа кариера. Треба доста да ги познавате добро правилата на самата игра, на самиот натпревар како и брекет софтверот во игра, а не често се исклучува опцијата да ги следите останатите мечеви и натпревари онлајн и да видите како биле решаватни деликатни и непријатни ситуации порано и да научите нешто од нив. Можете да почнете со помал старт - понудете помош на некој ваш пријател или другар околу овие работи за неговиот натпревар, а потоа да се искачувате по скалата.

Print
Categories: MeSF News
Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top