en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Нова соработка на BMW и еспортот

  • 22 April 2020
Нова соработка на BMW и еспортот

Од скоро се објави новата соработка на гигантот BMW и пет водечки League of Legends тимои во светот.

Покрај тоа што низ минатитте неколку години бевме сведоци на се поголем број на маркетинг соработки помеѓу автомобилските брендови и еспорт организации, се чини дека ова партнерство ќе биде најголемо до сега. BMW одлучи повторно да се проба во еспортот на LoL, но овој пат како спонзор на најголемите водечки тимови од регионот. Во Јужна Кореа го одбраа најтрофејниот тим на сите времиња, Т1, од Кина актуелниот првак FunPlusPhoenix, од Европа G2 Esports и Fnatic и Cloud9 од Америка.

За сега немаме детали за договорот, освен тоа што BMW Ќе направи специјални автомобили за секоја од еспорт организациите, а први по соопштувањето се јавија G2 Esports кои открија нови LoL дресови со знакот на BMW во централниот преден дел што значи дека станува збор за сериозно спонзорство, нешто како она помеѓу Australis и Audi.

Се уште не знаеме дали останатите тимови ќе го додадат BMW знакот на дресовите или секој ќе пристапи на маркетинг соработката на поинаков начин како што на пример тоа го изведе T1 кои веќе ги сликаа своите ѕвезди пред најовиоте модели на автомобилите на оваа марка

 

Print
Categories: MeSF News
Tags:
Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top