en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

Кога CSGO и Оverwatch би ги венчале, Valorant ќе биде нивното дете!

  • 15 April 2020
Кога CSGO и Оverwatch би ги венчале, Valorant ќе биде нивното дете!

VALORANT во првите неколку недели е најгледаната игра од било која друга игра, иако е live само еден месец.

Со речиси 150 милиони часови гледање во првите седум дена (поточно 148,7 милиони часови), VALORANT ги постави новите темели на популарноста во светот на видео игрите.

Долго очекуваната FPS игра на компанијата Riot која стои зад планетарниот феномен League of Legends е веќе од првиот ден на својата бета ги привлече најпознатите имиња на стримингот и еспортот. Оние кои први имаа пристап до играта собираа гледачи и делеа бета клучеви, додека останатите се обидуваа на сите можни начини да дојдат до својата прва покана за играта.

Иако овие цифри може до некаде да се прифатат со доза на скептицизам бидејќи вистина доста луѓе ги гледале овие стримови само за да дојдат до бета клуч, мора да се признае дека ласнирањето на VALORANТ навистина ги помести границите во гејмингот

За да подобро се разбере како оваа игра ги надмина сите во гледаност на Twitch, доволно е само да се знае дека за успешен наслов до сега се сметал оној кој за една недела ќе има меѓу 30 и 40 милиони часа гледаност, што во суштина успеало на најголемите еспорт игри за време на нивните главни турнири - The International во Dota2, Светско Првенство во LoL и CSGO Major-ite.

Не само што VALORANT целосно ја надмина конкуренцијата според параметрите на неделни прегледани часа, туку во изминатите две години само една игра успеала во текот на цел месец да има поголема гледаност, а тоа е Fortnite во 2018 година кога Ninja беше на врвот на популарноста.

Ова значи дека VALORANT во првата недела е четири пати погледана од најгледаната игра, а дури ни Светското Првенство во LoL во 2019 година не успеа да собере 150 милиони часа гледаност за еден месец кога се случуваше (дојдоа до цифра од 125 милиони часа гледаност).

Лансирањето на бета фазата на оваа игра најверојатно засекогаш ќе остане запаметено во гејминг историјата. Во споредба, кога минатиот FPS феномен Apex се лансираше на почетокот на минатата година, неделно собираше 30 милиони часа гледаност и тогаш тоа се сметаше за неверојатен успех. За првиот месец, кога се чинеше дека тогаш сите ја играат оваа игра успеа да собере 123 милиони часа гледаност, што е пак помалку од првиот месец на VALORANT beta.

На овој рекорд покрај делењето на бета клучевите на разните стримови и желбата на големите стримерски имиња да се докажат во оваа игра, повеќе од сигурно е дека влијание има и епидемијата на корона вирусот што прави неред низ светот и ги тера луѓето да се останат дома. Без разлика кои се изговори да ги наброиме, не смее да се заборави историскиот успех што оваа игра веќе го постигна!
 

Print
Categories: MeSF News
Tags:
Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top