en-USmk-MK
Language
Search
Search ×

ИЕСФ лансира Интернационална Еспорт Академија за Судии

  • 5 February 2020
ИЕСФ лансира Интернационална Еспорт Академија за Судии

Интернационалната Еспорт Федерација (ИЕСФ) со задоволство не известува дека Интернационалната Еспорт Академија за Судии е спремна да биде целосно во функција. Првата сесија од курсот е планирана да одпочне во понеделник, 24. февруари, 2020 година.

Интернационалната Еспорт Академија за Судии е една од трите столба на Глобаниот Еспорт Центар за Истражување, лоциран во Бусан, Ј. Кореа. Со постојаната поддршка од Градот Бусан, и Агенцијата за промоција на ИТ на Бусан (BIPA), овој Глобален Еспорт Центар работи на зајакнување на екосистемот на еспортот и на еволуција на самата индустрија уште од 2018 година. 

Интернационалната Еспорт Академија за Судии е посветена на развивање на стандарди и интензивна програма дизајнирана да едуцира и да ја зголеми експертизата на националните и интернационалните еспорт судии. Ова е направено со цел да се подобри интегритетот на еспортот и да придонесе кон успехот на атлетите, тимовите и настаните на светската сцена.

Наставната програма е направена од ИЕСФ во соработка со разни издавачи на игри со напор да ги инкорпорираат највисоките стандарди. Referees are the front-line of all of our member federations and as such the IESF is committed to capacitating referees to the best of its ability to ensure the long-term growth and sustainability of Esports“, вели претседателот на ИЕСФ, Колин Вебстер.

Курсот ќе биде достапен на Националните Федерации за обука на судии во националните натпревари. Ова особено ќе биде корисно во земјите каде Еспортот е во зародиш каде што курсот ќе служи за дополнително легитимизирање на програмата, а дури може да придонесе и за генерирање на одреден профит за самата држава.

Кандидатите за Интернационалната Еспорт програма за судии на ИЕСФ ќе бидат номинирани од федерациите членки. Овие членки ќе ги номинираат нивните најдобри и најспособни за овој курс. Федерациите имаат рок да го сторат тоа најдоцна до среда, 12. февруари. 

ИЕСФ ги поканува сите заинтересирани судии да земат учество. За повеќе информации посетете ја официјалната страна на ИЕСФ

Print
Categories: MeSF News
Tags:
Copyright 2020 by SoftAGE DOOEL Skopje Terms Of Use Privacy Statement
Back To Top